На прво место

Роденден на Генералот МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ, народен херој, академик, публицист

1apostolski

1apostolski

МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ (8 ноември, 1906 – 7 август, 1987)

Пред 114 години, на Митровден, 8ми ноември, во Ново Село Штип е роден Михаило Апостолски, Македонскиот народен херој од Втората светска војна, прославен и во борбите против Бугарскиот фашистички окупатор во Македонија кој е сојузник на Хитлеровата фашистичка, воена и партиска политика на национал социјализмот – за поништување, анектирање или асимилирање на други народи и култури, меѓу кои и на Македонскиот народ.   

Во чест на роденденот на Михаило Апостолски, македонски генерал од анти-фашистичката борба, претседател на МАНУ, директор на Институтот за национална историја, историчар и автор, донесуваме неколку податоци за него од поетесата проф. д-р Марија Емилија Кукубајска.    

Во интервју за МРТ Македонско радио 1 – Радио Скопје, Генерал Апостолски се изјаснува за борбите на Македонскиот народ против Бугарската окупација во Македонија, и посебно во Источниот регион на Македонија, на планината Плачковица, во близина на Штип. https://twitter.com/i/status/1322924646702948353

„Секоја чука на Плачковица е заобележана со борби, и тоа баш против Бугарите, против тие што денеска тврдат дека сме Бугари. А кој може сам против себе да се бори… ако сме Бугари!? Јас затоа инсистирам не да подигаме големи споменици него плоча на која ќе биде обележано местото, сос кого кој се судрил и време кога се судрил.“

2kukuАкадемик Михајло Апостолски, претседател на Советот на 8те Гоцеви денови 1974, при нивното свечено отварање пред споменикот на Гоце Делчев во Делчево има изјавено: „На великанот на револуционерното движење на македонскиот народ, на сите негови соборци и на сите оние што ја продолжија таа борба до конечно ослободување на Македонија, можеме денес да им соопштиме дека таа борба е овенчана со победа и слобода. Ние собрани овде, можеме пред Гоцевиот лик да кажеме дека неговата мисла, неговите желби: Светот да се натпреварува на културно поле, овој слободен граѓанин на Југославија, слободен македонски човек настојува да ги развива и афирмира, како во нашата земја така и надвор од неа. Деновите претставуваат поттик на нашите луѓе без оглед на возраст, да творат и да се натпреваруваат во творештво за доброто на Македонија, на нашата земја и светот“. (Нова Македонија, 5 мај, 1974).

Во текстот пишува и дека д-р Христо Андонов Пољански одржал час за Гоце Делчев а поезија читале Михајло Ренџов, Марија Кукубајска, Глигор Поповски, Олга Арбуљевска, Гане Тодоровски и Методија Тошевски. Во чест на делото на Македонскиот водач за национална слобода и независност е изведена и операта „Илинден“ од Кирил Македонски.

На симпозиумот на Гоцеви денови, „АСНОМ – остварување на идеите за создавање на Македонска држава и неговиот меѓународен одглас и одраз“, Марија Кукубајскаго чита својот научно-истражувачки труд: Придонесот на Штипскиот театарски живот во текот на НОВ, причини и поводи за отсуствување или ангажирање. Кукубајска настапува и со две песни од книгата Временија и Неоткрит (1973), Аполонија и Недајсон и Улицата Апостолски.

3kukuБлагодарница од МАНУ, акад. Михаило Апостолски, до Марија Кукубајска.

УЛИЦАТА АПОСТОЛСКИ

Древна улица се извишува

Од кејот на Брегалница

Кон небото над моите очи –

Бездни извори на златни дождови без почин.

Апостол е таа улица

За плочниците на дните

Кога иконите слепееле в келии,

А нивниот патрон

Ги косел каменарските змии –

Жив троскот што цеди лозја

На плодот, сводот и македонскиот трон.

Улицата Апостолки

Птица на молњите

Над сушни ниви растопи

Бакарни неба

И најави војна:

Облаци над преродено

Ново Село да треби.

II.

Се разгранува буден чекор

Низ новата градина

Со пресвлечен, свечен декор.

Се бранува по сончева улица

Одглас на совест и повест

Што ја храни историјата

Како мајска река.

По слепа виулица

И мраз низ којзнае колку века,

Народот на новиот булевар

За средба со ново време чека

Свиеното бреме да се исправи господар.

Улицата Апостолски

Кон домот на македонската душа води.

Не сум темнеела под заробено сонце,

Но моите Новоселани и моите дни слават

Што и чекорот по штипскиот кремен камен

Црвен пламен роди.

Се напивам од мирот

Плодоносно дрво

Бранови здив кон висината

Што пружи

И ветувам пред себе

Да стоплувам македонско небо,

Но, од овој почеток прво

Кон букетот Македонски Олимп

Здравицата да се здружи,

А улицата, после

Архитектонскиот,

Маратонскиот и

Македонскиот свет,

Од мојот лет

Да дочека подарено перо и

Човекосончев цвет.

1kukuМарија Кукубајска

4kuku

Во весникот „4 Jul“ од 12.11.1974, Белград, е објавено интервју со Михаило Апостолски, со наслов „Пред се’ човек“, наднаслов Етика на револуционерот вчера и денес и цитат од Апостолски: „Револуционерот треба секогаш да и’ гледа на вистината во очи“.  

Со интервјуто е објавена и песната По рељефите на градот воин, која со песните Син на времето и Улицата Апостолски се посветени на Генерал Михаило Апостолски. Напишани се 1967 година, кога поетесата Кукубајска има само 17 години. Улицата Апостолски е промовирана на Народен собир во Ново Село Штип, во училиштето (денес Ректорат на Универзитетот Гоце Делчев), каде учителствувал водачот на востанието за независна Македонија, Гоце Делчев Штип, 1893-94 година, заедно со македонскиот револуционер Даме Груев. Песната Син на времето, покрајпесните Безбгрег втекување и Сончевина Трногор, се објавени во Студентски Збор, Скопје, 29.11.1971.

Уредникот на Култура во Студентски збор со изборот на овие песни пишува за поетесата Марија Кукубајска: „Извира среде земнонебесни бранови како престрога скротителка со срце на челото, со оган над римувања, со милост во благородноста и со своемирна терезија, за луцидно и непокајно да одмерува праидни (не)вистини, со своеверниот реализам и романтизам, што се разоткриваат еден во друг. Ерудицијата и емоцијата, строго бараното и стихијно откриваното, вистината – до чудесно стварни потсвесни збиднувања на апсурдот до граници над надрационални симболизирања; синтеза на нејзиното искуство низ еволутивните сознанија за животот на уметноста и на современата младост, го исполнуваат светот на Марија со првата љубов – засекогаш неосвоениот зборопис… Марија Кукубајска студира англиски и германски јазик, Пишува уште од рано детство и во последните години нејзините поетски и прозни остварувања често сме ги среќавале на страниците на Современост, Студентски Збор, Млад Борец, Нова Македонија, Радио Скопје, Македонија, За вас и вашиот дом, и други весници и списанија.

Македонска нација

Најново од: На прво место

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава

Златна фолија и гроб на воин откриени кај струшко Корошишта Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава, сведочејќи за длабоките корени на културното наследство на Македонија. На локалитетот Расница е пронајден златен наод за кој се претпоставува дека претставува погребна маска од VI […]

Осомничените за криминал во Државна лотарија се од времето на СДС и ДУИ, односно на Таче и Груби

Кога во јавноста се појавуваат информации дека службени лица со пари од државата и од државните компании купуваат предмети за лична употреба, како брендирани чанти „Хермес“, „Луј Витон“ и „Диор“, сметаме дека јавноста треба да ги знае сите детали. Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две службени лица […]

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени работата на Владата како инспиративна, продолжуваме со реформите

Премиерот очекува интензивирање на евроинтегративниот процес и изнаоѓање решение за ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на нова, енергетски ефикасна детска градинка во Општина Теарце, со капацитет за 147 деца. Според него, со отворањето на објектот е надмината листата на чекање за згрижување деца во општината. […]

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Најнови вести

To top