На прво место

Прекинување и поништување на преговорите со Бугарија

1omd

1omdКако реакција кон недоличните барања на бугарската дипломатија за ревидирање на македонската историја, јазик и постоење како посебен народ, Македонците во светот повикуваат на прекинување на сите преговори со Бугарија поврзани со идентитетски прашања.

Секоја негација на македонскиот јазик, историја и идентитет од страна на соседите повлекува морална, национална и лична одговорност на Македонецот во одбраната на истите.

Македонците во светот, со голем гнев и разочараност го осудуваат секој понатамошен “договор” со Софија со кој експлицитно се бара преименување на историјата и бришење на македонската вековна историска поврзаност и посебност. Причина повеќе и поради ставот на Советот на ЕУ од 25 март годинава, во кој се внесени забелешките на Бугарија за отпочнување на идни преговори.

Имено, Бугарија како сосед и земја членка на ЕУ, отворено бара од Македонија да се откаже од македонскиот јазик и да се употребува само “службениот јазик на Република Северна Македонија.” Истовремено, Бугарија бара да се откажеме од постоењето на македонско малцинство во Бугарија, да прифатиме бугарско толкување на сопствената историја, што вклучува откажување од најзначајните македонски херои и нивно префарбување во Бугари.

Со неотфрлањето на овие бугарски барања, ЕУ ги погазува своите сопствени вредности и принципи содржани во Договорот на Европската Унија, каде експлицитно се наведува во член 4 , “ ЕУ ги почитува и се залага за националниот идентитет на секоја држава“ како и промоција и реализирање на националните културни и историски вредности (член 167).

Појдувајќи од фактот што ЕУ се заснова на “почитување” на основните вредности за човечко достоинство, слобода и демократија во правна држава и има за цел почитување на различните култури и јазици (член 2 и 3), тогаш логички се поставува прашањето, зошто Македонецот е третиран надвор од овие принципи и критериуми? Дали Македонецот не е доволно човек за му се почитува основното право на изразување, самосвест, и самосознание на своето минато?

Ја повикуваме Европската Унија да го почитува нашето постоење како Македонци, да го уважи нашето право да си ја вреднуваме сопствената историја и да си го негуваме сопствениот јазик. Идентитетските прашања никогаш не биле и не треба да бидат предмет на разговори и преговори. Тие се право на поединецот и заедницата, што се над секоја држава или политички субјект.

Можеби е време да се смени процедурата на тотален консензус во ЕУ, каде некои земји членки од злонамера го кочат проширувањето и наметнуваат анти- цивилизациски услови за земјите кандидати. Консензусот не е добродет ако со него се газат многу повозвишени вредности и се подриваат темелите на демократска, обединета, различна но сплотена, ЕВРОПА.

И покрај сите премрежја со кој се среќаваме, Македонците во светот ја продолжуваат својата борба за промовирање на националните вредности преку изучување на македонскиот јазик, култура и историја, како и комплетна негација на “северната творба и нејзините институции”

Никогаш с…. Секогаш Македонија

Женева, Лондон, Брисел, Хелсинки, Берлин, Сиднеј, Мелбурн, Торонто, Њујорк, Вашингтон, 6 ноември , 2020 година

Координативно Тело на Македонците во светот 

Организации и здруженија потписници:

Координативно Тело на Македонците – Европа 

Македонски Национален Совет – Швајцарија 

Македонска Заедница – Обединето Кралство 

Македонско Финско Здружение – Финска 

Македонска Заедница – Германија

Совет на Македонските Општини – Австралија

Обединети Македонци, Светски Македонски Конгрес – Канада 

Обединета Македонска Дијаспора – САД, Австралија, Канада, Европа

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top