На прво место

О’НИЛ: УЛТИМАТУМИТЕ НА СОФИЈА НЕ ТРЕБА ДА БИДАТ ПРЕЧКА ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ!

1183
1183Слободан Томиќ
О’НИЛ: УЛТИМАТУМИТЕ НА СОФИЈА НЕ ТРЕБА ДА БИДАТ ПРЕЧКА ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ!
12 ноември 2020 година, Скопје, Македонија – Британскиот амбасадор и прв медијатор во грчко-македонските односи за државното име Македонија, Робин О’Нил, за форумот “Гласот на народот“ на Слободан Томиќ, за почетокот на преговорите на Македонија со Европската Унија и бугарското вето, вели: 
– Сите членки на Европската Унија мора да и’ кажат на Бугарија, дека следејќи го советот на Комисијата, нема никаква пречка за почнување на преговорите со Македонија. Ако има спор меѓу Бугарија и Македонија, како што тврди Софија, време за преиспитуавње на овој проблем е кога ќе завршат преговорите за членство предводени од Комисијата на ЕУ и откога Комисијата ќе му даде препорака на Советот на министрите на ЕУ, дека Македонија ги исполнува условите за членство! Преговорите за членство треба да започнат сега! Во меѓувреме, Бугарија и Македонија треба да работат на решавање на наводниот спор, веројатно преку работа на Заедничката комисија. Се надевам дека сите други земји-членки на ЕУ ќе кажат истовремено, дека не го сметаат спорот поткренат од Бугарија за суштински, бидејќи е историски, не се однесува на сегашниот идентитет на двете држави, од аспект на нивните погледи како пречка за членство на Македонија!
Со трпеливост и притисок врз Бугарија од другите држави на ЕУ и особено претседателството со Советот на министрите, не гледам друга причина која Бугарија не би можела да ја надмине.
Македонскиот јазик е меѓународно признат, а Македонија како членка на Обединетите нации е признта од светот како независна држава – дури и од Бугарија. Верувам дека Европската Унија сега ќе ги започне преговорите со Македонија како меѓународно призната држава. Внатрешните политички аргументи во Бугарија не треба да го спречат тоа.
За крај, се надевам дека во работата на Заедничката комисија, Македонија ќе ги препознае чувствата на Бугарија за прашања што не се од вистинска важност. Важно е да се добие членството во ЕУ! Примете ги моите најдобри желби, – рече на крајот амбасадорот Робин О’ Нил.

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top