На прво место

Александар ДОНСКИ: БУГАРСКИТЕ ФАЛСИФИКАТИ НА ДОКУМЕНТИ ПОВРЗАНИ СО МАКЕДОНСКАТА САМОБИТНОСТ (2 ДЕЛ)

1donski

1donskiАлександар ДОНСКИ

Кога се знаат работите што ги изнесовме во првиот дел, воопшто не е чудно што во некои тогашни европски весници илинденските востаници биле нарекувани „Бугари“, на што исто така се повикуваат сегашните големобугарски про­па­гандисти. Вестите за Илинденското востание мину­вале исклу­чиво низ бугарските шовинистички филтри и такви преку БТА и бугарскиот печат биле пласирани во светот, се со цел за да се покаже „бугарскиоткарактер“ на Илинденското востание.

          Ваквиот начин на пласманот на вестите бил согледан уште во екот на Илинденското воста­ние. Угледниот руски весник “Новоеврем­ја” укажал на фактот дека вестите околу Илинденското востание се фалсификуваат од страна на Бугарите (но и на Турците). Во бројот од 21. 08. 1903 година читаме:

           „ВеститезавостаниетовоЕвропскаТурцијадоаѓаатвопеча­тотречисиисклучивоодтурскирацеилиодСофија. Ивоедниотиводругиотслучајтиесеподложуваатнапреработка, приштого­лемаулогаигранесамобогататаисточнафантазија, тукуижел­батаработатадасепретставивотаковвид, каковштонај­многуимгодинаТурцитеинаБугарите“.

           Кога веќе ги спомнавме мемоарите на илинденските револу­цио­не­ри, во кои тие наводно зборуваат за „Бугари“ во Македонија, треба да се има предвид и запишувачот на ваквите текстови. Ова ќе го илус­трираме со примерот на проф. Љубомир Милетич. Овој деец е познат запишувач на мемоарите на повеќемина илинденски револуционери, меѓу кои се: Борис Сарафов, Даме Груев, Иван Гарванов и други. Во сите негови записи на сеќавањата, за нашиот народ секаде е употре­буван терминот „ Бугари, бугарскиреволуционери“ и сл. Така е и со ме­мо­арите на Борис Сарафов, од  кого веќе ги цитиравме изјавите дека Македонците не се ни Бугари, ни Срби, туку само Македонци. Но во мемоарите запишани и објавени од проф. Милетич се споме­нуваат само „Бугари“ во Македонија. Дали и Милетич не постапил исто како што постапиле со текстовите на Ѓорче Пет­ров, на Никола Вап­ца­ров, на Славе Македонски, на архимандритот Царкњас и на којзнае уште колку други македонски дејци, т.е. дали и тој не ги факлсификувал изјавите на илинденските револуционери? Дека има сериозна основа да се претпостави ова, ќе го наведеме фактот дека Милетич бил за­ко­равен бугароман, кој отворено признавал дека не смее да се доз­во­ли ко­ристење на термини поврзани со македонската национална засеб­ност. Уште на 27.12.1903 година проф. Миле­­тич во едно писмо до поз­натиот славист В. Јагиќ, ги искажал своите антимакедонски ставови, ко­га напишал:

           Дасевовлекуваатвоенциклопедијатанекакви “МакедонскиСло­вени” идасеодделуваатмакедонскитеговоривопосебнагрупа – тоанесмеедаседопушти, заштооднаучногледиштетоаникаконеможедасеоправда.

           Значи, запишувачот на мемоарите на Сарафов, на Груев (но и на други македонски револуционери) проф. Милетич воопшто не ги кри­ел своите заблуди во врска со македонската национална засеб­ност.

         Од сето ова цениме дека тој и навистина оставил вредни записи од илинденскиот период, но под сомнеж ја ставаме употребата на бу­гарските обележја во овие од него запишани мемоари на илин­ден­ци­те.Тој, како бугароман секако дека не би си дозволи да пи­шува за засебноста на  Македонците во делата што самиот ги пи­шу­вал.

         Некои бугарски историчари и публицисти прават подметнувања, и фалсификати, не само во текстовите, туку и во илустрациите. Ќе ја спомнеме книгата од М. Атанасов под наслов „Блгарскицаре“. Во неа се претставени илустрации на ликовите на сите бугарски ханови и цареви (почнувајќи од хан Кубрат, па се до денешниот бугарски цар Симеон). Но, во овие илустраци, илустра­то­рот направил фалсификат.Иако е сосема познато дека турко-монгол­ски­те бугарски ханови и припаѓале на жолтата раса, во оваа книга, овие ханови се нацртани безмалку со изглед на – Евро­пејци! Ова не се од­не­­сува само на вештачки евро­пеи­зираните црти на нивните лица, туку и на облеките. Дури на ханот Кубрат му се нацртани и долга бела брада и коса, иако е познато дека во древниот „Именик на бугарските ханови“ (напишан во 8 век во времето на него­виот син Аспарух) јасно пишува дека ха­нот Кубрат, во склад со монголската традиција,  бил со избри­чена глава, а такви биле и не­говите прет­ходници: Атила, Ирник и Гос­тун. Фласифи­ка­тот на илустраторот  е со сосема јасна намена – да се избег­не вистин­ски­­от тогашен татаро-мон­гол­­ски изглед и начин на обле­кување на Буга­рите и на читате­лите да им се остави потсве­сен впечаток дека тие небаре биле Европејци.

          Фалсификати се правени и  преку подметнување на фалсифи­ку­вани историски споменици преку кои се докажувал навод­ниот „бу­гарски карактер на Македонија“. Вакви фалсификати се правеле уште во 19 век.  Во врска со ова ќе наведеме еден пример. Во  1997 година во Бугарија одекна вест дека во Воденско бил про­нај­ден натпис од вре­мето на цар Самоил, кој наводно датира од 989 година.Овој натпис стана познат под името „Воденскиотнатпис“. Во него, царот Самоил себеси јасно се декларира како „Бугарин“, а како „Бугари“ ги детер­минира и жителите на свое­то цар­ство. Но, лично директорот на На­ционалниот историски музеј во Со­фија, Божи­дар Димитров, по стручното прегледување на овој нат­пис, децидно изјави дека нема никакво сомнение оти се работи за класи­чен фал­­сификат. Како фал­сификатори Димитров ги посочи бугарските на­цио­­­нал-ро­ман­тичари од 19 век, кои, во својот романтичарски занес, ја фал­си­фи­ку­вале оваа плоча и ја закопале за идните времиња. Инте­ресно е тоа што овој „Воденскинатпис“ е многу сличен со „Битолскатаплоча“(во ко­­ја, за ца­рот Иван Владислав, пишува дека бил „Бугаринпород“), па сега не­кои наши ис­­тра­жувачи отворе­но го поставуваат прашањето за автен­тичноста и на „Би­тол­­­скатаплоча“ и бараат меѓународни експер­ти да ја утврдат нејзи­ната ста­рост. Подоцна Димитров стана голем анти-македонски пропагандист, но во овој случај тој постапи чесно и им направи услуга на Македонците.

          На крајот, да ја спомнеме и појавата на криење на документите и на другите предмети, кои ја докажуваат македонската национална засебност низ историјата.

           Во 1944 година во близината на Горна Џумаја (денешен Благо­ев­­­град, з.м.) бил отстранет споменикот од римскиот период, на кој пи­шу­вало дека градот Скаптопатра (град што се наоѓал близу де­неш­ниот град Сан­дански) бил македонски град.

           На споменикот пишувало: „Јас Цезар им забранувам на моите војници, како и на моите офицери да влегуваат во Скапопатра и да ги обеспокојуваат жителите на овој македонски град-држава“.

          Доколку овој споменик и навистина е уништен (како што некои претпоставуваат), тогаш станува збор за чист варваризам на униш­ту­вање на остатоци од древната историја.

            Во шеесеттите години во бугарските библиотеки било можно да се истражува весникот „Македонски глас“ (1885). Но кога големо­бу­гар­ските пропагандисти ја откриле содржината на овој весник, наед­наш исчезнал од бугарските библиотеки и веќе не бил достап­ен за научните истражувачи од Македонија.

           По пројавениот инте­рес на на­шите историчари, беследно исчез­на од Музејот на Вапцаров во Софија оригиналниот реферат на Ни­кола Јон­ков Вапцаров, по кој била напишана неговата долга песна Доклад. Овој реферат бил однесен во Партискиот архив на БКП и ни­кој досега не може да го види. Причината е во тоа што, во него Вап­царов јасно се декла­ри­ра како национално свесен Македонец.

         Секако дека има и други вакви многубројни примери. Конечно, не случајно и денес бугарските архиви се прилично затворени за истра­­жувачите од Македонија, додека за презентирање на сите фал­си­­фикати на личните исправи и останатите документи на Маке­дон­ците што беа извршени за време на тоталитарниот режим на То­дор Живков (посебно во времето на пописите) не би ни стигнале ниту десет вакви текстови.

КРАЈ

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top