На прво место

МЕЃУНАРОДНА ИСТРАЖУВАЧКА ГРУПА ИПОНУДИ ПОДДРШКА НА МАКЕДОНИЈА

1as3

1as3Етничка Политика, истражувачка платформа која нуди теоретски и политички релевантни истражувања за етнички прашања низ целиот свет, им понуди поддршка на Македонците за да се претстави принудното преименување на земјата пред светот.

Во изјава за Македонското Меѓународно Движење за Човекови права, основачот на Етничка Политика Ахмед ал-Саиди рече:

“Како што на Македонците им беше наметнувано менувањето на името, така растеа негативните чувства кај меѓународните набљудувачи кои ги следеа вестите од Македонија. Ние во Етничка Политика решивме да им понудиме платформа на Македонците да дискутираат за нивниот идентитет, етнички политики и за тоа колку нивното изворно име им значи на нив”.

Етничка Политика објави подкаст емисија насловена “Македонија – нација принудена да си го смени името” во кое ја интервјуира професорката Биљана Ванковска од Универзитетот Св.Кирил и Методиј од Скопје, Македонија.

“Јас нудам левичарска перспектива и критика на европските политики со кои се притискаат државите на периферијата на ЕУ. Особено, за бизарната приказна за спротиставените национални притисоци врз Македонија, кои траат веќе 150 години, како и неоколонијалното владеење на Европската Унија. Централно прашање тука е таканаречениот ‘Преспански Договор’ со кој наводно ‘се реши’ древното македонско прашање, но кој во реалноста служи да се лишат Македонците од нивното право на само-определување, нивното име, идентитет и историја”, вели Ванковска.

Подкаст емисијата можете да ја слушнете тука (на англиски).

ММДЧП им се заблагодарува на Етничка Политика за нивната извонредна поддршка и ги повикува сите страни заинтересирани за заштита на човековите права исто така да објават изјави и да ја покажат својата поддршка за Македонија и Македонците.1sa1

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top