На прво место

Димовски: Господине Каракачанов, кои сме и каква историја почитуваме е наша и само наша работа

Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен висок финкционер од оваа партија, му пиша на Министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов:

„Господине министер Каракачанов, со внимание ја проследив вашата денешна изјава каде велите дека, цитарам:

“Да, треба да има писмен документ, јас на изјавите на скопските политичари и министри не верувам. Три години слушаме само убави нешта. Прво, јасно и категорично признание за тоа дека историјата на Македонија до 1944 година е дел од историјата, културата и јазикот на бугарскиот народ. Второ, нивните напори за создавање на некаков посебен идентитет, датираат после 1944 година.”

Господине министер, кои сме, какви сме, каква историја почитуваме, каков јазик говориме и каква култура градиме е наша и само наша работа, според сите европски и светски демократски стандарди. Прашање на домашно воспитување во Европа е да се почитува сопственото право на свој идентитет.

Ние за нас знаеме повеќе од тоа што вие знаете за нас. Знам дека никој од прозваните министри нема да ви одговори, бидејќи очигледно си имате измешани и нерасчистени сметки и нарушена лична доверба, па еве јас по втор пат оваа година да си дозволам да ви се обратам, за да ви помогнам и вам и на вашите колеги министри, некако да разберете дека вашиот (најчест) однос кон Македонија во последните 120 години, не само што е штетен за нашата Македонија, туку е катастрофален и за вашата Бугарија (пак да не ве потсетувам на сите непотребни животи кои ги потрошивте низ македонските широчини).

Да ви укажам и да ве предупредам дека овде во Македонија, вие и вашата колешка Захариева, сте главни ѕвезди на медиумите. Можеби така и самите сакате пред изборите во Бугарија. Но за сите грешки, лаги и неуспеси на македонската Влада сте вие двајца криви.

Така овдешните министри се затскриваат зад вас. Имам чуство дека за неколку дена вас ќе ве обвинат дека немаме добар здравствен систем овде кај нас или можеби дека езерата ни се испразнети за некој од вас да си игра на пазарот на струјаНо, дајте намалете со навредите и потценување. Има Македонија паметни луѓе, дури и за извоз, прошетајте низ Софија, ќе ги видите насекаде.

Не можам да спорам и јас со вас околу вашата доверба кон скопските (вака ни се обраќаат вашите мили грчки браќа) политичари и министри. Ваша оценка е тоа, но не генерализирајте.

Во некој од нив и граѓаните на Македонија немаат доверба зошто пак, додека вас ви ветувале дека ќе ви удоволат се на вашите неостварени желби од деветнаесетиот век и балканските војни, овде велеа дека со потпишување на Договорот за добрососедство со вас се е затворено и повеќе немаме отворени прашања.

Овде низ Македонија има и луѓе кои се спремни да ви кажат дека Македонија и македонскиот народ веќе повеќе векови, без разлика на вашата огромна желба и вложени илјадници и илјадници животи, сепак сака и се обидува да гради своја суверена и засебна политичка и национална патека.

Господине Каракачанов, низ последниот век некогаш бевме на исто, но често не бевме на иста страна, вие дури често ја користевте Македонија за остварување на вашите бугарски интереси, а на штета на луѓето кои живееа и живеат низ Македонија. Дозволете да ве прашам неколку прашања:

Зошто бугарската армија не влезе во Македонија за да го оствари ветувањето дека царска Бугарија ефективно ќе го помогне Илинденското востание? Или нашите овде беа помалку “бугари”, па можевте да ги користите како кусур во позиционирањето и односите со другите соседни држави?

Зошто потпишавте пакт за поделба на Македонија, ако македонскиот народ е бугарски, зошто прифативте да живеат “бугарите” низ четири различни држави?

Зошто дозволивте само 16 проценти од Македонија денес да е во Бугарија, ако целиот македонски народ е всушност “бугарски”?

Каква беше улогата на бугарската армија (вие сте министер на одбраната, проверете во архивите) во ПСВ додека беше стационирана околу врвот Пелистер и какво оружје користеше за удари врз градот Битола? (Знам дека армија врз сопствен град и народ тоа што го правела не би можела да го прави).

Зошто господине министер, вашиот генералштаб не дозволи 11-от полк на бугарската армија (составен од 90% луѓе од Македонија) да ја ослободи Македонија, туку го пративте на Тракија? Зар треба да не се сомневаме дека 14.000 Македонци под оружје за вас не беа страв да бидат распоредени низ Македонија?

Зошто направивте размена на население со соседна Грција после ПСВ и ги обезчовечивте илјадниците наши куќи и села низ егејска Македонија?

Зошто господине потпретседател на Владата, не побаравте ниту 1% права за “Бугарите” во Грција и некакво право на културно и историско наследство во северна Грција, доколку навистина принципиелно се борите за тоа? Ако ние овде сме Бугари, сигурно и тие долу се, или пак таму веќе имате договор да не смеете да се мешате?

Како бугарската Влада дозволи да има подобар однос кон Атина и Белград, од спрема нас овде, доколку ние и вие сме ист народ, па макар и искарани и во кавга? (Имало и други такви периоди во вашата политичка историја).

Зошто не терате ние да прифатиме дека во Бугарија нема Македонци, ако тврдите дека ни во Македонија ги нема? Од што се плашите? Од нас овде или од самите вас таму?

Не ли ви е криво и тешко што ќе останете запаметен како човек кој наместо да не доближува, вие лично најмногу не раздалечува, нас и вас?

Затоа почитуван министер, во свое име и во име на илјадници мои истомисленици би сакал да ви упатам неколку пораки:

Ние нашиот пат кон ЕУ ќе го продолжиме, без разлика колку вие и некои други центри на Балканот не стопираат и пречат. Нашата патека кон Европа е токму за да се заштитиме од вакви како вас.

Ние знаеме дека влезот на Македонија во НАТО, но и во ЕУ, ве плашат вас и други деветнаесетовековни центри, затоа што ние така ставаме клин во сите поделби и нови стратегии за нови поделби на Македонија.

Историјата на Македонија не е дел од историјата на бугарскиот народ. Историјата на Македонија и пред 1944 и после 1944 година е историја на македонскиот народ и сите други добронамерни луѓе што живеат во Македонија.

Ние немаме намера да се откажеме од нашата борба за самобитноста на македонскиот народ, неговата културно историска различност од сите соседни народи и неговото право за опстојување без разлика на сите ваши негации.

Нашиот јазик е македонски јазик и тој има своја одвоена развојна, историска и јазична патека повеќе од 150 години.

Ние ги гледаме вашите планови за Македонија и се потсетуваме на балканските војни, но овој пат е дваесет и први век, а ние имаме, прва пат после векови, своја држава.

Немој да се надеваат дека оваа Влада кај нас има право и можност да отстапи од македонската борба. И да отстапи за бадијала ќе ви е, народот нема да отстапи.

Ние и понатаму ќе ги почитуваме и сакаме Бугарите како народ, како свои блиски луѓе и вие нема да наметнете да се замразиме.

Затоа господине министер, не терајте политика како Стамболиски. Него до денес го памтиме по лошо. Со голем поздрав од убавата Македонија…“

https://galama.club/2020/11/20/dimovski-gospodine-karakachanov-koi-sme-i-kakva-istorija-pochituvame-e-nasha-i-samo-nasha-rabota

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top