На прво место

Саки, цензорот од Телма телевизија

Почитувани иако Македонија се наоѓа во една многу незавидна ситуација по однос на Бугарија и нивните големошовинистички барања поради Зоран Заев, сепак сакам да предупредам дека токму Зоран Заев не е сам во неговите напори да сруши се што е македонско. Тука е доста потпомогнат и од другарите наречени новинари. Наместо да се коректив на општествените девијантни случувања они се катализатори на истите.

Овие другари-новинари како тргнале во глорификација на фашизмот дека бил нормална административна организација уште малку ќе почнат да не убедуваат дека: Аушвиц е проект за гасификација на Полска.

Ви препорачум со огромно внимание да го изгледате интервјуто на Рашела Мизрахи во Само Интервју од 13.11.2020 година. Како г-ѓа Мизрахи експлицитно објаснува која е улогата на бугарските фашистички сили во прогонот на Евреите од Македонија и како Коминтерната ги спасува во 1945 година од Црвената Армија за да не ја имаат истата судбина како фашистичките Романија и Унгарија.

Токму поради тоа започнувам со заклучок дека додека Младен Чадиковски е претседател на ЗНМ:

ЗНМ е кратенка од Збунети Новинари на Македонија.

Замислете што се ни се случи во овие неколку години кои неможам да разберам по која логика се викаат години на слобода на изразувањето. На кратко да потсетам.

  • Никола Младенов не бил убиен како што тврдеа, туку загинал во сообраќајна несреќа.
  • А1 телевизија нема ниту почеток за рехабилитација на Велија, Дарко, Анита итн, ама битно Младен е уредник во ТВ24 која што онака има некаква сопственичка врска со Телекабел, кој ја исклучи А1 во 2008 кога тој беше уредник токму во А1.
  • Боки 13 преку неговата телевизија во која работеа другарите на Младен од А1, Чом и Боко, како и бившата му директорка Јаци од Фокус плус и оној од Цивилмедиа Сашо Ордановски, го рекетираше Орце Камчев, плус има информации за Ноел и Пелистерка. А да, овие другариве на Младен ништо немале информации иако синот на другарица рекетарица Катица беше главен маркетинг мајстор. И сеа па ја тоа што Боко во село Брајчино се слика со кандидат на премиер, е онака забава во природа.
  • Зоран Иванов е сменет од позиција во МИА само затоашто искажал свое мислење на приватен профил или што испрати документи до Владата за дејствувањето на „газдата“ на МИА?
  • Васко Попетревски со новинарска плата гради станбен објект во Карпош и тоа е демократија, ама Миленко е криминалец зошто одгледува шарпланинци и кози
  • Инаку на Васко Попетревски многу му сметаше претходниот градоначалник и посветуваше многу внимание во проектот за измислување приказни, ама сега не му смета што Градоначалникот на Карпош потпишал меморандум со Боки 13 за да наплати 240 илјади евра и тоа што се тврди дека Боки 13 зел уште неколку стотици илјади евра од другарот на сопругот на Тамара Тодевска. А, да битно Васко станбено да се скраси. Да не го мислиме зошто приказната е многу поголема, нели?

Итн…

Има многу да се зборува за неолибералниве и историски неедуцирани новинари туку ги видовте како се исплашија во истиот момент од Бранко. Со бате Бранче нема играње. За секого од нив знае се’. Кој крадел од проекти, кој на кого е љубовник-хомосексуален, кој е кодош за полиција ехеее… Што би се рекло ние од опозицијата за некои од нив може само така од страна да викаме: Немој Бранко жити се?

Меѓутоа најсвеж пример на проба за колективна заблуда што се случува на македонскиот медиумски простор е примерот со големиот директор од ТВ Телма,  и неговата директна цензура на целата опозиција започнувајќи со забрана на гостување на Христијан Мицковски во емисија каде водител е Оливера Трајковска, а подоцна и од вестите на дневно ниво.

Инаку тоа е најнегледаната телевизија во Македонија со рејтинг од само 2,30% во период од 01.06-22.11.2020. Впрочем заедно со другар му Младен Чадиковски од ТВ 24 имаат помалку рејтинг од на пример АлСат, која има рејтинг 5.28%. Многу опасна демократијава.

Што е тоа што не разбира Атанас Кировски-Саки во неговата постапка. Тоа се вика ставање здрава нога во трње. Ја цензурира опзицијата, замисли?

Така Добродојде во ЕУ другар Саки. Консеквенците кои ќе следуваат во наредните 2-3 години, а заговорници се оние кои премногу ги знаат европските правила ги охрабруваат следниве чекори,:

  1. Соспственикот на телевизија НЕМОЖЕ да се јави на тендер организиран од Владата на Македонија,
  2. Сопственикот на телевизија НЕМОЖЕ да се рекламира во сопствената телевизија повеќе од 35% од вкупниот буџет наменет за телевизиско рекламирање. Остатокот мора да го потроши согласно пазарните услови во другите телевизии
  3. Телевизијата се наоѓа на берза
  4. Во телевизијата НЕМОЖЕ во исто време едно лице да има функции управител и главен и одговорен уредник
  5. Телевизија во случај да не известува балансирано за активности на било која политичка партија или пак за орган на управа (влада, општина) се казнува со 1 мил евра и 6 месеци забрана за рекламирање.
  6. Сопственикот на телевизијата одговара со целиот свој имот во случај на казна, стечај или ликвидација

И уште следниве работи за големиот директор да си ги знае како иде реалноста наречена иднина:

  • Релинценцирање за употреба на терстријалните фреквенции
  • Македонија утврдува дека не и требаат повеќе од три субјекти кои би користеле фреквенции на територијата на нејзината држава(познато како национални телевизии)
  • Македонија утврдува дека може да постојат кабловски телевизии со формат како терестријалните, ама нивните сопственици да не поседуваат повеќе од 25% од бизнисот кој им е приоритетен( во случајов Макпетрол ќе мора или да ја продава телевизијата или да продава бензиски пумпи)
  • Македонија утврдува дека сите домашни телевизии се со примарно значење за граѓаните ама во исто време тоа незначи дека граѓаните мора да ги финансираат приватните телевизии
  • Кабелските оператори(полесно да разберат граѓаните) во рок од 3 месеци мора на сите домаќинства да им овозможат непречен пристап за слободен прием на сите терестријални радиодифузери.

Итн.

Жална е оваа Македонија кога има директори како Саки Кировски кој сака да милува политика и да се заканува на политичари од моменталната опозиција. Прво почна со Стевче, па сега продолжува со Христијан.

Затоа почитувани господа Јакимовски и Мицковски немате потреба да му се лутите на Андреја Јосифовски, туку да го предупредите дека нема недопирливи газди на телевизии.

Само да потсетам. Пред многу години во Македонија фалеше количина на зрнеста прехрамбена култура. Еден министер за економија му даде можност на полубизнисмен да ја набави. После две недели беше приморан поради неуспех на претходниов да му се јави на газда Штерјо Наков. Робата стигна без проблем. Таков ков на директори се и Андреја Јосифовски, Хари Костов итн. Тие се државата. И ние мора да ги негуваме. Без разлика што многумина не ги сакаат.

Атанас Кировски-Саки ако сака да се коцка со својот професионален живот може слободно да оди да игра карти, да мава во Адмирал, Сенатор итн, ама нема право да го загрозува опстојувањето на Телма и на сите вработени.

Една улична поговорка наменета за Саки:

„Не го дигај отпозади, зошто ќе ја добиеш пуна“.

Да живее Македонија!

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес

Најново од: На прво место

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава

Златна фолија и гроб на воин откриени кај струшко Корошишта Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава, сведочејќи за длабоките корени на културното наследство на Македонија. На локалитетот Расница е пронајден златен наод за кој се претпоставува дека претставува погребна маска од VI […]

Осомничените за криминал во Државна лотарија се од времето на СДС и ДУИ, односно на Таче и Груби

Кога во јавноста се појавуваат информации дека службени лица со пари од државата и од државните компании купуваат предмети за лична употреба, како брендирани чанти „Хермес“, „Луј Витон“ и „Диор“, сметаме дека јавноста треба да ги знае сите детали. Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две службени лица […]

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени работата на Владата како инспиративна, продолжуваме со реформите

Премиерот очекува интензивирање на евроинтегративниот процес и изнаоѓање решение за ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на нова, енергетски ефикасна детска градинка во Општина Теарце, со капацитет за 147 деца. Според него, со отворањето на објектот е надмината листата на чекање за згрижување деца во општината. […]

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Најнови вести

To top