На прво место

На вчерашниот протест во Велес се обрати и Весна Атанасовска, член на ИК на Унија на жени на Вмро – Дпмне

vesna

vesna

Весна Атанасовска

Добра вечер од градот на Гемиџиите,  од родното место на Панко Брашнаров, на Коста Солев Рацин, на Џинот, на Миле Поп Јорданов, на Димитрија Чуповски, Петар Поп Арсов, Димитрија Андонов – Папрадишки, Васил Главинов, Андреја Димов Докурчев и други.

Сите овие Велешани целиот свој живот го вложија во татковина, за да имаат своја држава, свои права.

Тие биле македонците кои кога немале своја држава имале национална кауза, денес ние кога имаме своја  независна држава  немаме национална кауза. 

Власта можеби има легалитет, но немаат легитимитет да одлучуваат сами за прашања од национален карактер.

За прашања од национален карактер треба национален консензус, тогаш државата оди напред. Кога власта во државата се обидува сама да води битка за вакви  горчливи прашање, без притоа да ги консултира, граѓаните,  најголемата опозициона партија, експертите, тогаш крајот е самиот почеток.

Ние тоа во нашата татковина го немаме, немаме исти ставови за битни прашања и затоа денес имаме протести. Протести во кое си ги браниме нашите црвени линии: Несмееме да  преговараме за јазикот, идентитетот и историјата на својот народ.

Историјата за Македонската сага е долга колку и името Македонија. Низ вековите таа етнички била угнетувана.

Традицијата била таа која како народ не` одржувала и токму преку нејзе сме се осознавале.  Но во нас, македонскиот код бил постојано активен и пренесуван од колено на колено за потеклото и својот идентитет.

Ние имаме богата историска традиција, свои обичаи, култура и јазик. Кои се наши. Кои се негуваат низ вековите. Нив никој не може да ги условува, ниту може Бугарија да им стави вето. Тоа е нашата македонска традиција која нас ни раскажува за минатото, а на нашите деца ќе им говори во иднина.

Овде не се работи за партии. Овде се работи за Македонија, за Илинден и АСНОМ.За она што навистина сме и сакаме да бидеме.

vesna3

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top