На прво место

Осудениот тенкиста назначен за посредник со Бугарија

1 rubin jovanoski

1 rubin jovanoski

Дипл.ЕКК Рубинчо Видое Јованоски новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп

На една од последните седници на владата на РМ на предлог на аболицираниот лидер, бомбашот Заев за посредник во преговорите помеѓу нашата земја и источниот сосед е назначен факултетскиот професор по римско право и некогашен премиер во времето на владеењето на СДС, Владо Бучкоски.

По номинацијата Бучкоски многу храбро и така лаконски пред 7-та сила и пошироката македонска јавност назначи дека е оптимист со неговото учество како посредник, но не може да се очекува резултат за 7 дена. Всушност и неговата функција како посредник е со важност од една година. Значи ветото од Бугарија кон нас останува во сила.

Во оваа прилика сакам да нагласам дека Бучкоски со правосилна пресуда беше осуден на три и пол годишна затворска казна за аферата со т.н. “тенковски делови“. Овде, иронијата да бид еуште поголема самиот Бучко во тоа време нагласи дека “осуден сум“, но студентите се тие кои ме бараат да им предавам и воедно и испитувам по римско право.

Делото одеше тактички по судските лавиринти и конечно истото застари и следствено на тоа Бучкоски е на слобода.

Двоецот макеоднски криминалци Заев и Бучкоски, кој едниот е аболициран, а другиот со застарено судско дело не можат да преговараат за историските факти од минатото кои и самиот јас учев од учебниците по историја дека бугарите за време на 2-те светски војни биле фашистички настроени кон домицилното македонско население каде ѕверски биле убивани наши макеоднски дејци за слободна и независна Република Македонија. Овде нагласувам, Република Македонија, а не како сега со продаденото име од Нивици.

Тенкистот Бучкоски има направено големи грешки кои сега скапо го чинат македонското население на својата “родна грутка“ Република Македонија.

Само да се потсетиме во сега далечната 2004 година Бучкоски од штабот на СДС во Струга за влакно ќе го чинеше живот за тогашната територијална поделба каде сега во Струга и Кичево е мислена именка да победи македонец на градоначалнички избори.

Потоа доби црвен картон од партијата и како резултат на тоа формира своја партија која беше со краток дострел. На следните избори за таа политичка партија гласаа Бучкоски и неговото потесно семејство од една и неговите пријатели од друга страна.

Како прилепчанец можам да нагласам дека на Бучкоски му се припишува ноншалантниот однос за време на воениот конфликт (2001 година) кога тој беше во извршната власт.

Не може без логистичка поддршка од копно и воздух да се прати конвој за борба против тогашната ОНА. Епилогот е познат, а тоа беа 10 загинати животи од градот херој Прилеп.

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top