На прво место

Кадија те тужи, кадија те суди

2a

2a

Пораките на Боки – 13 се доказ дека судството е под палката на Зоран Заев

На скандалите поврзани со Зоран Заев им нема крај.

Лагите на Заев кој ги ветуваше и пласираше во јавноста излегуваат на виделина.

Заев ветуваше правна држава, а добивме обвинителство и судство каде без него не може да се одлучи дали некој криминалец ќе оди во затвор или не.

Во која држава во светот премиер одлучува кој ќе оди во притвор, а кој не. Ова стана секојдневна рутина на Заев.

Заев стана како поговорката „Кадија те тужи, кадија те суди“.

Денес во судницата јасно се потврди влијанието на Зоран Заев врз одлуките на судиите, како тие треба да одлучат и каква одлука да донесат.

Пораките презентирани денес во судот, во случајот „Меѓународен сојуз“ откриваат како Зоран Заев директно се меша во одлуките на судот и обвинителството.

Во презентираните пораки Зоран Заев вели – „Јас ќе замолам во ЈО и Суд да доделат полесна мерка, да не биде затвор”. „Другар, има докази за Јасна ми кажуваат. Но ќе се обидам да не е притвор”. „Нема да оди во притвор”.

Од Зоран Заев зависи кој, колку и дали ќе оди во притвор.

Заев има извршено кривично дело според Кривичен Законик на Република Македонија член 359 каде што извршил директно влијание и ја искористил својата премиерска положба да се вмеша во одлуките на правосудните органи и да влијае да обвинетата Мандиќ не оди во затвор.

Премиерот во заминување за ова ќе се казни од народот. Граѓаните на Заев ќе му пресудат во името на законот и Уставот.

Крајот на Зоран Заев е се поочигледен.

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top