На прво место

Марија Емилија Кукубајска: СВ НИКОЛА И МАКЕДОНИЈА

3nikol

3nikol Марија Емилија Кукубајска

Неповторен маченик и миленик Божји, Македонија те слави од пред да ја поробат маченици безбожни. Народот Македонски илјадници години помага и се моли, и за душмани грешни и за безбожни, празно-душни, непослушни … Иако недостојните му се потсмеваат на народот мој, и се надеваат дека никој не може да им открие беда духовна и безумие и безвластие над жртвите.  

1nikol

Како и ти, од Бога Македонија е дарувана да дарува Божји дарови: да ја ослободува душата од зло, да и’ дава право на мислата да биде светлина на вистините од вселенски алгоритми на висините.

Нашите предци, праведнику Николај, и денес ни’ се двојно погубувани од неверници и нововерници. Единствен народ имам, осамен во обрач од ненаситни лути глутници, грабливи птици и пци со многу глави. А од Бог сум одбрана да давам храна од култура, и агрикултура…  

По смртта на родителите вековно верни, дозволив: оние што немаат да земаат, зашто знаев дека се’ од Бога е дадено, и Негово останува. Но, видов, и без ред и без мир и без Бог, и во лажно име на Бога – грабаа, крадеа од минато и од сегашност на моите наследства, од рацете и мислата наша создавани. Со срце на челото разбирав: нека земаат, и јас ќе им давам: и писменост и манастири – да огреат душа против нивната суша од незнаење, од зло без каење, од дивеење… 

Милостивата природа на моето битие остана без се’ што беше мое. Остана Македонија сама, и без своја земја, и без никој да ја спасува од глад и лаги и нови кражби. Но сепак, Македонија остана –  ДА Е, своја, и на Семоќниот, Сезнајниот Творец на сите светови, видливи и невидливи.

Доаѓа глас, секогаш доаѓа Божји спас, како на тебе, Св. Никола, што ти се кажа: „Појди на подвиг меѓу народот, ако сакаш од мене да бидеш овенчан“. Македонија од Бог е признаена прво, и од Обединетите и од разединетите нации, и за време на тирани и за време на мироносци. Сеуште имаме како тебе – верници во Божје добродетелство, милосрдие, мудрост, мирољубивост, и моќ на љубовта кон заробениот и кон ослободениот, кон деца грабнати но спасени, пренесени од Св. Никола до родителите, кон деца среќни и благодарни во својата радост во светот на Спасителот.  

И Диоклецијан, и Триоклецијан и Мултиклецијанови максимални злостори – нас не’ прогонуваа и во и вон нашата земја да бидеме во концентрациони логори, во г(н)асни комори да ни’ задушат правда, и порака да не смее да се пише, да се испрати по гулаби на слобода на говорот, печатот.

Но сеуште има милиони народ со кого иста верба не’ води, преку води светски, преку земји на нашите предци, преку потомци освестени за милениумски оттуѓувани, криени и виени лаги и кражби на Божји и човекови благодети.

И се чини не се трпи, и не се издржува последното предавство што ни’ спржува и земја и народ, прогонуван, затваран, како и ти, заштитнику Николај. А кога креваме глас против новите еретици – НеАрните Аријци оѕверено удараат по Македонија со лажно важни документации и незаконски, надзаконски фабрикации. Но, како и на тебе, Светецу дарителу, ќе им се јави на новите архиереи и Самиот Господ Христос и мајката Божја, да ни’ ја благослови земјата, Македонија.

Носител на вистината и правдата во време на општата лага, Македонија продолжува, иако се чини дека е проколнат верник во својот ген и во својот ден на трајно постоење. Народот наш останува траен, мирољубив заштитник на обесправените, осиромашените, погубените. Народот македонски е хранител и бранител на своите предци и на синовите од полиња на смртта, од подли поделби и од пакосни погребувања на минатото, од абортирање на сегашноста… Македонците сме спасители на своите, иако и несебични дарители и на несвоите. Знак Божји е тоа. Зрак на светоста.

Од блиску и од далеку се јавуваше да спасуваш, Св. Никола. Да помагаш со подароци изработени од правда, озрачени со утеха и мир, раскрилени со добра волја и среде најголеми злочинители.

Страдаме, но сеуште сме неисцрпно плодни и со раце и со ум, и по море и по друм да носиме вечни вистини и чудотворни вести за спас на верниците во правдата и на земја и на небо. Како и ти, дарителе и заштитнику на обесправените. Во име на Спасителот наш, Господ Исус Христос.

2nikol

Катедралната црква Св. Никола, во градот Штип, подигната 1867 година, на место на старата Сифиева црква од 1341 година. Св. Никола е заштитник на Штип, центарот на источна Македонија.

Но, кој можеше да заштити  од ограбување повеќе од 15 сакрални објекти од цркви и манастири во околината на Штип, 2019 година?!

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top