На прво место

Предметот историја се случува кога се негира нашиот идентитет, јазик и историја

2a

2a

Царовска нема концепт како ќе се дојде до подобро образование, дополнително бришењето на предметот историја се случува кога се негира нашиот идентитет, јазик и историја

Денешната прес конференција на министерката Мила Царовска, во која покрај неа, беа наредени и сите друди функционери од Министерството за образование и наука и од Бирото за развиј на образованието, како и група екоерти, веројатно за да и дадат сила и самодоверба на министерката, не понуди ни еден додатен елемент од она што беше презентирано минатата недела. Во оваа концепција која всушност претставува само некаква драфт верзија има многу недостатоци и нејаснотии.

Беше потенцирана потребата од реформа и дека концепцијата ќе обезбедела учениците кои ќе го завршат основното образование ќе имале европски компетенции и вештини.

За тоа како тоа ќе се постигне немаше релевантно објаснување, освен  дека тоа ќе се постигне со интегрирање на предмети и усогласување на наставни програми, теми и наставници.

Не стана збор за континуирана поддршка на наставниот кадар од релевантни институции, не стана збор за активација на службите за професионален развој на детето, што е неопходно бидејќи во концепцијата се предвидуваат изборни предмети од најмала возраст, не стана збор за можностите на училиштата да спроведуваат ваква настава и многу други битни елементи.

Се изјави дека училиштата треба да станат пожелни простори за учениците, но како тоа ќе се постигне не се појасни.

Во концепцијата се бришат изборните предмети кои се групираат во природни науки и општествени науки. Тоа значи дека нема физика и хемија, интегрирани се, но нема ни историја и тоа во ваков момент на историски настани за Македонија кога се негира идентитетот, јазикот и историјата на нацијата, а целата концепција се прави со цел учениците да имаат функционално знаење, соодветно на општествените збиднувања  и реалниот живот.

Нешто тука е контрадикторно.

Со оглед дека стана збор за јазиците, го прашуваме целиот тим, зошто учениците од помалите етникуми во Македонија не учат македонски јазик од прво одделение?

После оваа прес конференција, со прилично несигурен настап и на Министерката и на другите учесници, а и според бурните реакции на бројни релевантни институции, граѓани и родители, најдобро би било целата концепција да се повлече и да се почне со креирање на друга, но после навистина спроведени консултации со сите релевантни фактори во образованието.

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top