На прво место

КАРАКАЧАНОВ: ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ДЕКА ИСУС ХРИСТОС БИЛ МАКЕДОНЕЦ, САМО НИЕ БУГАРИТЕ СМЕ НЕКАКВО ДИВО ПЛЕМЕ

5586
558651 Д-р Петар Поповски
КАРАКАЧАНОВ: ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ДЕКА ИСУС ХРИСТОС БИЛ МАКЕДОНЕЦ, САМО НИЕ БУГАРИТЕ СМЕ НЕКАКВО ДИВО ПЛЕМЕ.
И оваа изјава на Каракачанов кажува дека човекот не прочитал ни два реда од објективната историја. Бидејќи е наполно неук, па еве можност да му кажеме за да престане да ни држи часови по историја и да се срамува пред светот со својата неукост. Имено. Исус Христос бил припадник на древномакедонската племенска група “ГАЛИ”, чии први родовски корени се наоѓаат во околината на Солун, по течението на реката ГАЛИК. Уште во времето на палеолитот (800.000 – 500.000 г. п.н.е.) дел од Галите (Македонци) мигрирал на исток, во Азија и особено на територијата на денешен Израел, каде што постои област под името “ГАЛИЦИЈА”. Е токму, во таа
Галиција бил роден ИСУС ХРИСТОС. Според тоа, тој не бил Татарин (Боливарин, Булгарин), туку припадник на белата (ариевска) раса, што се посведочува и со неговиот лик. Непобитен факт кој кажува дека ХРИСТОС ИМАЛ МАКЕДОНСКО, а не татарско потекло. Во времето на мезолитот (20.000 – 10.000 г. п.н.е.) дел од таа племенска група, од ГАЛИТЕ, ја колонизирал територијата на денешна Молдавија, која до крајот на XVIII-от век го носела името”ГАЛИЦИЈА” со две посебни области”ГОРНИ” И”ДОЛНИ ГАЛИЧНИК” со главен град”ГАЛИЧНИК”, подоцна преименуван во “ГАЛОС”. Галите не застанале само на тие простори. Во истиот историски период дел од нив ја освоил територијата на денешна Франција, која до крајот на XVII-от век го носела името”ГАЛИЈА”. Кога сме кај Франција уште еден многу важен податок. Имено, пред колонизацијата на Галите, западните европски простори во прво време биле освоени од страна на древните пелазгиско-македонски племенски групи: Антите, Венетите, Скитите, Келтите, Лутеките и Парисиите, за кои е посведочено дека последните го основале градот”ПАРИС”. Парисите, всушност, се древномакедонска племенска група која ја населувала територијата на денешна Западна
Македонија, кде што е зачувана древната топографска номенклатура со коренот “Парис”. Инаку, како непобитен доказ претсавува фактот, дека само на територијата на Западна Европа денес има над22.000 топоними, ороними и хидроними под името “ВЕНЕТА”. Не без причина Ерменката Marija Kambytas во една своја научна студија вели: “БЕЗ МАКЕДОНИА – ЈА НЕМА ЕВРОПА”. Тоа исто го изјавил иWinston Cherchil, кој вели: “ЕВРОПА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗАМИСЛИ БЕЗ МАКЕДОНИЈА”. Зарем се потребни и други докази г-не Каракачанов..? Седни, загреј столче и читај историја за да не се срамиш пред светот со свои болни амбиции, антимакедонски клепаници и небулози.

Најново од: На прво место

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава

Златна фолија и гроб на воин откриени кај струшко Корошишта Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава, сведочејќи за длабоките корени на културното наследство на Македонија. На локалитетот Расница е пронајден златен наод за кој се претпоставува дека претставува погребна маска од VI […]

Осомничените за криминал во Државна лотарија се од времето на СДС и ДУИ, односно на Таче и Груби

Кога во јавноста се појавуваат информации дека службени лица со пари од државата и од државните компании купуваат предмети за лична употреба, како брендирани чанти „Хермес“, „Луј Витон“ и „Диор“, сметаме дека јавноста треба да ги знае сите детали. Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две службени лица […]

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени работата на Владата како инспиративна, продолжуваме со реформите

Премиерот очекува интензивирање на евроинтегративниот процес и изнаоѓање решение за ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на нова, енергетски ефикасна детска градинка во Општина Теарце, со капацитет за 147 деца. Според него, со отворањето на објектот е надмината листата на чекање за згрижување деца во општината. […]

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Најнови вести

To top