На прво место

Виктор Грозданов: Царот е гол!

Фудбалската репрезентација на Северна Кореја успеа да се пласира на светското првенство во 2010 година. Тоа беше за нив национална радост, гордост. Големиот Ким ги честеше фудбалерите со по 3.000 долари кои имаа право да ги потрошат само во продавниците на војската.

Вака слично на Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, му доделиле средства 100.000 евра од Фондот за рурален развој, но со обврска да реновира дел од конаците и тоалетите во манастирот Свети Пантелејмон. Претпоставувам Владата сакала да и’ се реваншира на црквата за „ќутулошката“ конструктивност во изминативе 3 години. И демек Oпштината Kарпош заедно со МПЦ направиле проект и аплицирале до Фондот за рурален развој. Ќарот на Богоев е што се сликаше до министерот за локална самоуправа и даде смешна изјва дека со ова ќе се влијаело на туризмот и бла, бла, бла…

Се извинувам, што морам да потсетам! Овој манастир, во изминативе 30 години, МПЦ го имаше изнајмено најпрвин на Метропол, па потоа на приватен угостител.

Колку што се сеќавам во изминативе неколку децении кириите не идеа во Буџетот на РМ туку во МПЦ.

И сега наместо градоначалникот на нашата Општина Карпош, да аплицира до фондот за рурален развој за изградба на градинка во Нерези, тој претпоставувам дека е искористен за спотер за префрлање на државни пари за црковни потреби.

Во исто време градоначалникот на нашата Општина Карпош е слеп и глув за затворањето на прекрасниот проект Етно Село Нерези кое се наоѓа на само 50 (педесетина) метри од манастирот Пантелејмон.

Значи никаква иницијатива за реактивирање на Етно Село, во кое повеќе десетици луѓе земаа плата и беше сериозна понуда на туристичката мапа на територија на Општина Карпош. Но како и да е, очигледно Стефан Богоев работи како ќе му кажат и добро соработува со Владата и таканаречените ИНКАСАТОРИ.

Колку што ја видов неговата изборна програма која не ветуваше многу, ама знам дека требаше да гради два базена, студентски домови, парк долж бул Илинден,  дореконструкција на спортска сала Партизан 4, но никаде не беше споменато реконструкција на конаци во црква Свети Пантелејмон.

Очигледно е дека Стефан Богоев им потроши на карпошани 25 милиони евра, но од ветувањата ништо. Едноставно се излезе чиста лага. Но не единствен што излажал од СДСМ.

Ветуваше чист воздух, борба со мафијата, а сега воздухот е позагаден, а наводната мафија доби ново име – Инкасатори.

Трансформацијата е неуспешна. Царот е гол!

Автор: Виктор Грозданов за НетПре

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top