На прво место

Чибишев: Вакцината е средство кое што може да ја стави под контрола пандемијата кое за жал во Македонија се уште го нема поради неспособноста на власта

1Andon Cibisev

1Andon Cibisev

Андон Чибишев во „Радио Лидер“

Утринава Андон Чибишев од ВМРО-ДПМНЕ во своето јавување во „Радио Лидер“ посочи дека власта уште на самиот почеток од пандемијата КОВИД-19 потфрли со неефикасните мерки. Власта не ги презема соодветните мерки кои што требаа. Уште од самиот старт на КОВИД-19 во Македонија ситуацијата не се контролираше како што треба. А, неефикасноста на власта за жал чинеше човечки животи.

„Секако дека вакцината е еден вид на средство кое што може да ја стави под контрола пандемијата. Затоа што знаеме во минатото имало тешки болести со кои што се соочувало човештвото меѓутоа искоренети се баш благодарение на вакцинација. Е, сега кога се работи за вакцинација од КОВИД-19 вирусот во Македонија, тука имаме крајно специфична ситуација. Да, не кажам смешна ситуација. Затоа што ние бевме убедувани дека се е во ред , дека нашите надлежни власти преговараат,  направиле некаков договор за 500.000 дози, 800.000 дози па преку КОВАКС системот па после тоа испадна дека практички КОВАКС системот не функционира ние нема да добиеме од таму вакцини. Па имаше изјава дури и на претседателот на државата и на министерот за здравство дека ние сме биле мал пазар и затоа сме биле игнорирани од големите фармацевски компании“, истакна Чибишев.

Чибишев додаде дека потоа македонските граѓани од власта доби некакво ветување дека од своите резерви нашите пријателски држави од ЕУ како што се Грција, Полска, Австрија и други ќе дале на Македонија. И тоа пропадна, па после тоа Бугарија вети дека исто ќе отстапи од своите резерви за да даде на Македонија вакцини. Па потоа, многу пластично бугарскиот министер за здравство кажа дека тоа ќе го стори откако ќе го имунизираат нивното население. Но ако се чека Бугарија да го имунизира нивното население, за да ние од нив добиеме вакцини тоа значи дека ќе биде следната година.

Па потоа Србија вети дека ќе даде 8.000 дози, па српската премиерка излезе по ден – два за да каже дека Македонија не може да ги добие вакцините бидејќи вакцината на компанијата „Фајзер“ не е регистрирана во нашата земја. И така Македонија се уште ги нема добиено првите дози на вакцини за против КОВИД-19.

„Плус, што е уште потрагично и врв на неорганизираноста, неспособноста и несериозноста е дека немаме ниту план за вакцинација. И сега утрово читам по медиумите дека ние сме заинтересирани за кинеската вакцина“, рече Чибишев.

Чибишев посочи дека ќе биде многу комплицирано ако се изврши операција попис без претходно колективна имунизација на населението. А, тоа ќе претставува крајно штетно и опасно по здравјето на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top