На прво место

На Заев не му се потребни 6 до 7 години за справување со корупцијата, потребни му се 6 до 7 дена

500x281-4

500x281-4

На Заев не му се потребни 6 до 7 години за справување со корупцијата, потребни му се само 6 до 7 дена ако тргне од себе и неговите блиски соработници

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на денешната средба со занаетчиите одговарајќи на новинарско прашање кога очекува да започне седницата за интерпелацијата поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во собранието за Љупчо Николовски, Бојан Маричиќ и Никола Димитров, рече дека според најавите се очекува утре да биде ставена на дневен ред интерпелацијата за Димитров, додека за интерпелација на Николовски и Маричиќ како што рече тој се надева дека ќе се охрабрат во најскоро време.

 Димитров, интерпелацијата е ставена на дневниот ред или барем такво ветување има дека утре ќе биде на дневен ред, во среда. Што се однесува до овие двајца министри за неправда и корупција се надевам дека во најскоро време ќе биде ставена на дневен ред точката, ќе се охрабрат, за да може да ги аргументираат постојните позиции пред пратениците во рамките на Парламентот, бидејќи ние можеби нешто не знаеме што тие знаат, или можеби ние не гледаме нешто што тие гледаат. Но, она што е јасно е дека Македонија е на 111-то место на листата на Транспаренси Интернешнл која што го мери нивото на перцепција на корупција во една држава, според дефинирана методологија и ги опфаќа параметрите кои што се случиле во последните две години. Според последните две години, перцепцијата за нивото на корупција во Македонија е убедливо најголема во регионот. Убедливо најголема во регионот. Во времето на т.н. режим бевме 45 места подобро пласирани од денеска односно 65-тото, 66-то место во 2015-тата година. За жал, се срамам денеска што сум дел од сето ова политичко мочуриште и морам вака да зборувам, во животот секогаш сум се борел да бидам и сум се трудел да бидам прв, но за жал денеска се трудам да не бидам последен бидејќи оваа неспособна влада не отера на тоа место. Ние сме денеска најкорумпираната држава на Балканот. Подобро од нас се пласирани Косово, Албанија, Бугарија, Грција, Србија, Романија, сите држави во регионот. Македонија е најкорумпираната држава. Овие луѓе наместо да ги пишуваат оставките, наместо веднаш да ги напишат оставките, тие уште ги гледаме како се перчат пред медиумите и како повторно се обидуваат да ја префрлат нивната коруптивност на некои минати времиња пред 10 или 15 години кога за нивна жал државата била во првите 65 во светот,кажа Мицкоски

Претседателот Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на Заев дека се потребни шест до седум години за да има ефект од борбата против корупција, рече дека се потребни само шест до седум дена доколку Заев сака да започне да се справува со корупцијата само ако почне од себе и своите блиски соработници.

-Па, јас мислам дека се потребни не повеќе од шест до седум дена. Нека почне со тие околу него и самиот тој, и мислам дека работата ќе биде многу брзо завршена. Нема потреба од шест до седум години. Вакви лопови не запаметила Македонија, додаде Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top