На прво место

Ламбе Арнаудов: Зоране, Стево не бевте на гробот на Гоце и да одевте нема да ве ПРИМЕШЕ

lambe-arnaudov

1 Lambe Ламбе Арнаудов

На небото има ѕвезда и БИК се нарекува. На друг БИК велат дека земјата почива Крени ги очите и погледај колку МАГАРИНА Помеѓу тие два БИКА пусти, живеат и уживаат“-Омар Кајам, ХII век, РУБАИЈЕ -Ете, затоа Гоце Делчев не прима секого.

Тој беше лав, јунак, никогаш немал работа со лиглина, предавници, глупави луѓе, животозагрозувачки микроби и паразити, лишаи познати под латинското име –SEVERÐNUM MAKEDONUM.

Гоце Делчев убаво знае дека, МАКЕДОНИЈА е автохтона прапостојбина на лавовите и сега сосема е природен ареал каде што лавовите ќе се вратат, намножат и ќе ги потиснат оние кои во стихот живеат и уживаат на крилата на велепредавството, глупоста и понижување на сопствениот народ.

Од тоа кој како живее и се однесува, таква чест и спомен ќе добие на неговото вечно почивалиште.

Нашиот најголем трибун Гоце Делчев се чествува и после век и половина со благодарност и пиетет од својот народ, а другите, поинаквите, лиглина, магарина, микроби и паразити, е, на нивните гробови кучиња ќе мочаат, да ми простите.

Глупавиот стечаен управител на Македонија распродаде сé за бадијала, па сега кога не ја доби Нобеловата награда, утешно го наградија од Светскиот институт за мерни единици со тоа што основната мерна единица за мерење на глупоста ќе се нарекува по негово име.

Рамо до рамо до него превејаниот кодош претседател, размазнето дете со куси пантолони, кукавица како што никогаш Македонија, ниту имала, ниту пак заслужила.

Најотпорниот МИКРОБ за жал се вселил во нашата преубава татковина. Кој ли не се обиде, што не поминало, сите научни достигнувања, вакцини антивируси немаат никакво дејство врз неа. Триесет години јаде, уништува сé што е македонско, а немоќни сме. Триесет илјади пати мутира, се бори, главно потпирајќи се на огромното количество на омраза и злоба што го демонстрира против својот народ. Таква злоба македонскиот благороден човек не може да разбере.

Тука до ними се и многумина за кои сите сме зачудени зошто и како се најдоа во оваа секта бездушници.

Паразити лишаи се залепиле на северната страна на столбовите носачи на македонската држава, ги подјадуваат безмилосно за да се одржат во живот, а потоа и збогатат. Ништо не им е свето. Ја замрзнале Македонија, населија студенило во душите на Македонците, невешто трудејќи се да докажат дека кога ќе одмрзнат некогаш ќе дојде живот за сите. Ама, дотогаш ние вас паразитите со личен пример ќе ве учиме како се живее. Зарем мислите ќе ви поверуваме.

Но, заборавивте едно. Топлото македонско сонце кога ќе ги опече вашите лигави сурати и ќе ги намножи лишаите на нив, ќе ги претвори во красти, не ќе можете да го сокриете срамот од луѓето,  од своите и од себе. Ќе останете жигосани за вечни времиња, и со што и да се покриете ќе ве издаде непријатната реа на предавството што си ја носите со себе. Ајдуци непрокопсани готови сте.

ЛАВОВИ МАКЕДОНСКИ напред,обединети во ВМРО-ДПМНЕ на чело со првиот ЛАВ Христијан Мицкоски да го исполниме нашиот долг кон македонскиот народ и Македонија и да не се посрамотиме пред ликот и делото на ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, персонификација на нашето опстојување како Македонци.

За МАКЕДОНИЈА! Нашето никогаш неизгаснато огниште.

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top