На прво место

10 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ХАНС-ЛОТАР ШТЕПАН

1Steppan 2

1Steppan 2

ХАНС-ЛОТАР ШТЕПАН  

Македонската заедница во Германија положи венец на гробот на првиот германски амбасадор во независна Македонија д-р Ханс Лотар Штепан кој почина на денешен ден ( 6 февруар) пред 10 години.  

1Steppan 1

Штепан беше еден од најголемите лобисти за вистината на Македонија и активно работеше на запознавање на европската и светската јавност со македонското прашање. Беше автор на книгата „Македонскиот јазол„ која доживеа неколку изданија на германски, македонски и англиски јазик.
Со книгата „Македонскиот јазол“ д-р Ханс Лотар Штепан преку архивски документи нѝ ја доближи вистината за судбината на македонски народ. Како борец за вистина и соочен со неправедно оспоруваната позиција на Македонија, особено интензивирана по распадот на југословенската федерација, Штепан ги ползуваше досиејата на Политичкиот архив на германското министерство за надворешни работи, пронаоѓајќи во нив несоборливи аргументи против негаторските и асимилаторски политики на соседните земји на Македонија.  

1Steppan 1

Ханс-Лотар Штепан беше роден на 16. ноември 1933 година во Кувертсхоф, Источна Прусија (денес Литванија). Студирал индустриско инжинерство на Техничкиот универзитет во Дармштад. Докторирал на економски науки и работел како научен асистент се до 1965 година кога се вработува во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. На дипломатска должност бил во Франција, Гвинеја, Финска и Југославија, а како амбасадор во Катар, Чад и Македонија.  

Почина на денешен ден (6.февруари 2011) во Бад Хонеф, Германија.
  
Д-р Ханс Лотар Штепан е добитник на следните награди од Македонија:
Во 2007 година Македонска академија за наука и уметност (МАНУ) му ја додели наградата „Блаже Конески„
Во 2008 ги добива наградите: „Духовен воин на Македонија“ од манифестацијата Македонски духовни конаци и наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков„ од фондацијата „Рамковски„. Истата година е добитник на плакета за високи достигнувања на општина Кисела Вода од Скопје.
 
Ханс-Лотар Штепан во неговите многубројни интервјуа најмногу ќе остане забележан по следните негови изјави и слогани:
„Македонците имаат најголемо право за употреба на своето име Македонија„
 „Грција треба да има одговорност за правда и вистина!„
 „Многу земји, меѓу нив и САД, го признаа вашето уставно име. Тоа покажува дека американските политичари и научници мора да ги истражиле нивните архиви за македонската историја и дека го извлекле единствениот можен заклучок. Светот, врз база на подоброто познавање на македонската вистина, практично е обврзан да ја поддржи демократска Македонија, интензивно и ефикасно. Во секој случај, европската солидарност со една измамничка политика (на Грција м.з.) ќе го дискредитира не само измамникот туку и членките на ЕУ, кои се солидарни со него„.
„Убеден сум дека сите историчари се согласуваат дека ако сакате да ја сфатите денешната политичка ситуација, морате да навлезете во историјата. Оваа историја докажа она што јас го проверив, на пример, дека Грција пред 1912-’13-тата никогаш не ја поседувала македонската територија. Ни во античко, ни во римско време, ниту во словенско време, ни за време на Отоманската империја.

Само по прекршувањето на меѓународниот закон во 1912-’13-тата за време на Балканските војни, заедно со Бугарија, Србија и Црна Гора. Тие ги окупирале и ги припоиле Македонија, Тракија и Епир. Во основа, Грција ја украла македонската територија, зашто ова било против меѓународниот закон. Оваа историска врска е целосно независна од правото на Македонија за самоопределување.

Сите народи во светот го имаат тоа право, така и Македонија може сама да решава за својот идентитет, за своето име. Никој не треба да се меша. „Европската комисија и НАТО знаат дека Грција е вешта, и дека лаже околу наметнатиот проблем што го создаде околу Македонија. Знаат дека не треба да биде така. Посебно од лулката на Европа, од лулката на демократските принципи. Грција треба да има одговорност за вистина и правда. Мислам дека заднината се Балканските војни и односите меѓу Балканската лига и Антантата пред Првата светска војна„.
 
Длабок поклон кон д-р Ханс-Лотар Штепан за неговиот придонес во поновата македонска историја.  

Вечна му слава на големиот пријател на Македонија.

Од Македонската заедница во Германија  

Текст и фотографии: Г. Г. Дуртаноски

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top