На прво место

Владата на Заев шири лажни вести за Ковид-19

2a

2a

Не обвинуваа дека шириме лажни вести, за сега американскиот институт да потврди дека Владата на Заев шири лажни вести за Ковид-19

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Индустриската зона Чијлија во Општина Петровец им порача на луѓето во власта да си поднесат оставка и да ја ослободат Македонија од нивната неспособност, со што ја брукаат државата и македонските граѓани на меѓународна сцена.

Ова Мицкоски го порача запрашан од медиумите за коментар за последната анализа на Американскиот совет за здравје и наука, во која Македонија ја смести во државите кои даваат сомнителни статистики во однос на новозаболените, оздравените и починатите лица од Ковид-19.

Мицкоски изрази жалење што со маката на луѓето, луѓето во власта си поигруваат за лично да профитираат, при што потенцираше дека тој уште на почетокот алармираше дека се прави манипулација со бројките за Ковид-19 за што од Владата беше обвинуван дека шири лажни вести, за сега да се покажи дека се тој што зборувал е вистина.

„Нели ние бевме тие кои што не ја говореа вистината, нели мене ме обвинуваа се сеќавате, оние политичари налик на Зоран Заев донесени од Али Експрес, мене ме обвинуваа дека јас сум бил тој кој што шири лажни вести. Ама некако, се што кажав така и излезе. Така и оваа работа излезе. Жалам што на маката на луѓето некој си поигрува за да лично профитира. Наместо денеска да држат брифинзи со новинари и наместо да функционираат таму каде што се, треба веднаш да седнат и да си ги напишат оставките и да ја спасат Македонија од нивната неспособност. Тоа е мојата порака што сакам да им ја кажам. Од ден на ден се покажува колку само овие луѓе не знаат и колку само ја брукаат сопствената држава, но и сопствениот народ“, порача Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

На 7 октомври 1946 од Софија, свечено биле испратени посмртните останки на Гоце Делчев во Македонија

На 7 октомври 1946 година започнало исполнувањето на Гоцевиот завет: да почива во слободна Македонија Гоце Делчев тргна кон Македонија Пренесувањето на посмртните останки од Софија во Скопје стана историски чин на народна почит кон великанот на македонската револуционерна борба. На 7 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле предадени на македонската делегација […]

Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава

Златна фолија и гроб на воин откриени кај струшко Корошишта Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава, сведочејќи за длабоките корени на културното наследство на Македонија. На локалитетот Расница е пронајден златен наод за кој се претпоставува дека претставува погребна маска од VI […]

Осомничените за криминал во Државна лотарија се од времето на СДС и ДУИ, односно на Таче и Груби

Кога во јавноста се појавуваат информации дека службени лица со пари од државата и од државните компании купуваат предмети за лична употреба, како брендирани чанти „Хермес“, „Луј Витон“ и „Диор“, сметаме дека јавноста треба да ги знае сите детали. Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две службени лица […]

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

Најнови вести

To top