На прво место

Г.Г.Дуртаноски : КАМЕН-ТЕМЕЛНИК НА ХОЛАНДСКО-МАКЕДОНСКОТО ПРИЈАТЕЛСТВО

1 Goce Durtanovski 1

1 Goce Durtanovski 1

120 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА А.ДЕН ДОЛАРД КОЈ ЖИВЕЕЛ ВО ОХРИД И ПИШУВАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА  

А. ден Долард (хол. A. den Doolaard)е псевдоним за холандскиот писател Корнелис Јоханес Георг (Боб) Спулстра Помладиот (холандски: Cornelis Johannes George (Bob) Spoelstra jr.) роден во градот Зволе на 7. февруари 1901. Автор е на бројни книги од различен жанр: романи, патописи, раскази, поезија…  

Ден Долард учел во гимназијата во Хаг. По смртта на татко му работел како сметководител во нафтено претпријатие (1920-1928). Во 1926 со една стихозбирка го прави своето деби на полето на книжевноста. Во 1928 година ја прекинува работата како сметководител и започнува со долги и чести патувања низ Балканот и Франција, каде што работел како ѕидар, собирач на грозје, земјоделски и пристанишен работник.  

Кога германската армија ја окупира Холандија во 1940 година, ден Долард заедно со сопругата бегаат на југ во Франција и оттаму по една година пристигнуваат во Англија. Во Лондон останува до крајот на Втората светска војна и работи како спикер на холандското Радио Оранје (хол. Radio Oranje) кое е официјален емитувач на вести на холандската влада во егзил на кралицата Вилхелмина. По војната се враќа во Холандија и од 1954 година со семејството живее во Хундерло.  

А. ден Долард често ја посетувал и Македонија. Поттикнат од Охрид и убавините на Охридското езеро, го напишал романот „Свадбата на седумте Цигани“ (De bruiloft der zeven zigeuners), кој за првпат бил објавен во 1939 година, а потоа доживеал многу изданија. Главното дејство во романот се одвива во градот Охрид и затоа оваа книга се смета за пресуден и клучен фактор во претставувањето на Охрид и Македонија кај пошироката читателска јавност во Холандија.  

А. ден Долард во Македонија нашол инспирација и за следните книги:  

„Дивјаците на Европа“ (De wilden van Europa, 1932, патопис), „За слобода и смрт“ (Van vrijheid en dood, 1933, патопис), „Четири месеци кај комитите, повластени убијци“ (Quatre mois chez les comitadjis, meurtriers patentés, 1934,  репортажа), „Ориент Експрес“ (Oriënt-Express, 1934, роман),  

„Заедно е двапати сам“ (Samen is twee keer alleen, 1976, роман).  

Романот „Свадбата на седумте Цигани“ е единствената книга од А. ден Долард, која е преведена на македонски јазик, но авторот и книгата стануваат познати во Македонија и пред книгата да биде преведена. Во суштина, оваа книга претставува љубовна приказна меѓу младата охриѓанка Душка и белосветскиот скитник и женкар, фотографот Бранко, кој по многу години успева да ја најде вистинската жена на својот живот.  

Најголем познавач на животот и книжевниот опус на ден Долард е македонскиот писател Мишо Јузмески, кој книгата „Свадбата на седумте Цигани“ ја смета за „повеќе од книга“ и таа книга со право може да се нарече „камен темелник на холандско-македонското пријателство“.  

По повод 105 години од раѓањето на ден Долард во 2006 година во Охрид е откриен споменик во чест на писателот на кое откривање присуствуваат и потомците на А. ден Долард од Холандија. Споменикот е дизајниран од македонскиот архитект Владимир Таиќ, според идејата на шефот на Холандско-македонската стопанска комора во Македонија, Петер Џон Босе.  

По повод 110 години од раѓањето на ден Долард во 2011 година во културниот центар „Култура 365“ во Охрид е отворена спомен-соба на А. ден Долард со изложба на книги и документи за животот и делото на писателот. Следната, 2012 година Мишо Јузмески ја објави книгата „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“ која покрај македонското издание доживеа и превод на англиски и холандски јазик.  

А. ден Долард починал во Хундерло на 26. јуни 1994 година.  

Текст и избор на фотографии: Г.Г.Дуртаноски

Опис на фотографиите:

1 Goce Durtanovski 1

А. ден Долард (1901-1994)

1 Goce Durtanovski 3

насловна страница од книгата „Свадбата на седумте Цигани„ издадена во 1939 година

1 Goce Durtanovski 4

спомен обележје за А.ден Долард во Охрид откриено во 2006 година

1 Goce Durtanovski 2

англиското издание од книгата за А. ден Долард од Мишо Јузмески  (2012) 

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top