На прво место

Мицкоски за законот за лични карти: Јас сум Македонец и сакам така да се идентификувам

16021

16021

Во изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со новите измени на законот за лични карти, истакна дека не гледа проблем во тоа и сака да се идентификува себеси во личните документи и патните исправи како Македонец, наспроти тврдењата на определени политичари дека треба да се создаде нова нација со граѓанскиот концепт „граѓанин на државата со новата придавка“.

-Смешно и небулозно е да се даваат такви квалификации за македонскиот народ и македонската нација којашто е притисната, угнетена и нација и народ којшто е доведен практично со грбот до ѕид. Има таму професори универзитетски во тие политички партии нека ги земат формуларите на универзитетите каде што студентите се пријавуваат и нека прочитаат дали се идентификува националната припадност на студентот којшто се запишува на универзитетите. Така што јас навистина немам ништо повеќе да кажам од следново. Во јавноста постои информација којашто е на ниво на би рекол политичка калкулација, а тоа дека прва и основна точка на политички договор помеѓу СДСМ и БЕСА била токму оваа измена во личните карти, односно враќање на старото решение пред потпишување на Преспанскиот договор, кога се брише националност и се додава државјанство, односно граѓанин на државата со новата придавка.

Понатаму откако се формира новата влада доаѓа до политички консултации помеѓу владините партнери БЕСА и СДС и откако е направена консултација со  дипломатски претставник на една соседна држава СДС и раководството ретерира од овој претходен договор којшто го има со БЕСА, бидејќи јасно им е ставено до знаење од страна на тој дипломатски претставник на раководството на СДС дека тоа би значело „breach of the agreement“ или на македонски јазик „прекршување на договорот. Откако се соочиле со таа вистина почнале да бараат „спаринг партнери“ на политичката сцена коишто наместо нив ќе играат улогата на кочничари на ова решение. И оттука се појавуваат определени политички партии коишто сега нас не убедуваат дека ние треба да создадеме нова нација, којашто ќе се идентификува со граѓанскиот концепт „граѓанин на државата со новата придавка“. Јас сакам со мојата лична карта да стои мојата нација, македонската, бидејќи јас сум Македонец и сакам да се идентификувам како Македонец и навистина тука не гледам ништо лошо, ниту спротивно на она што е вековна заложба на овој народ и граѓаните коишто себеси се идентификуваат по род Македонци и сакаат во нивните документи и патни исправи да стои дека се Македонци, а не „граѓани на државата со новата придавка и новото име“ и на тој начин создавање на вештачка нација – образложи Мицкоски во одговор на новинарско прашање.

Мицкоски посочи исто така дека ова е реалноста поврзана со оваа политичка гимнастика и акробација којашто денеска се случува, а која Зоран Заев ја најавил за време на пратеничките прашања на 30-ти декември, кога на едно реторичко прашање јасно кажал дека пред изборите обезбедувал логистика, спонзорирал и преговарал со таканаречените „кукавички јајца“ во опозицијата.

– Јас не гледам ништо страшно во тоа, ниту пак нешто спорно во тоа да во мојата лична карта или патна исправа стои идентитет како Македонец, односно мојата национална припадност дека сум дел од македонскиот народ, а македонскиот народ не само што со векови е парчосуван и угнетуван, туку гледаме и денеска овие политичари, за да ја спасуваат својата политичка кариера и политичка кожа, се обидуваат на секој начин да прават политичка гимнастика и дополнително да го уништуваат нашето македонско национално достоинство. Ако можат студентите себеси во формуларите на факултетите да ја запишуваaт својата нација, затоа што се горди на својата нација, зашто јас во мојот документ за идентификација и зошто во мојата патна исправа да не стои тоа, туку да формираме една нова вештачка нација којашто ќе биде „граѓанин на државата со новата придавка“ – објасни Мицкоски.

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top