На прво место

Јован Ване Петров: За ВМРОВЦКИТЕ работи…

119243
119243516 Јован Ване Петров
Си беа еднаш едни јаки момци,јаки на збор,знаеја како и со народот и со раководството.Ја запоседнаа партијата чиниш од дедо прадедо во наследство им е оставена а една плаката немаат залепено,еден ќотек комуњарски во кампања немаат издржано.
И застана народот,застанаа членовите и симпатизерите позади нив,работеа,убедуваа,молеа па дури за нив и своите комшии ги подлажнуваа.
Бидна што бидна ги запоседнаа фотељите градоначалнички,министерски,директорски а богами и пратеничките. Лагоден живот,удобности до бескрај.
Поминуваше времето,изминуваа годините а тие незаменливи се почуствуваа,после нив потоп. Дојде и тој ден,денот кога оние кои во фотељи ги ставија од нив и да ги истаат,многу сработија но многу и лажеа а и за себе со големата црпалка почнаа да црпат.
Им отворија предмети по судовоте,ги влечеа, ги уценуваа а тие сигурно виновни си подвиткаа опашките и ќутеа.
Дојде конгресот ВАЛАНДОВСКИ,доје и пројде а на него истите тие на Христијан му ракоплескаа и за нов претседател го избраа чунки ДЕЛЕГАТИ беа.
Сега се настрвија,се засилија(не затоа што сакаат,така мораат)во изборна година,година поважна од сите години за Македонија,раздор,фракции и што уште не да предизвикуваат.
Најново е што најавуваат вонреден конгрес под превезот дека имаат собрано 2/3 или 1/2 потписи од делегатите.
Од делегатите!!!
Мислев дека имаат два грама ум ама очигледно лошо сум мислел,од кои делегати?од кого делегирани?од кого верификувани???
Делегат,личност која од некого,од некое тело е делегирана за да присуствува на одреден настан и толку.Немаат мандат,немаат времетраење.
Да појаснам пластично…ФФМ за еден првенствен натпревар делегира делегат кој оди на истиот и по завршување завршува и неговото делегирање.Ама овие по нивна логика во фудбалски жаргон би требало да се делегати и на следниот натпревар по четири години помеѓу двете екипи на кои веќе еднаш биле делегати.!
Да не беше тажно ќе беше смешно!!!
Уште еднаш,вниманието и енергијата наместо кон реалната цел сдс ја насочуваат кас нас,кон самите себе.
Ниту конгрес на 28 Март ќе има ниту нешто друго ќе успеат.Покајанието е христијански обичај,покајте се и издржете го притисокот кој од душманот Заев го имате,а за криминалите ако сте ги правеле ќе си одговарате,да си знаете.
И да,слушам настанот за во Сабота сте го откажале! Е оти така бе???

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top