На прво место

Cтрашо Aнгеловски : Време на пауперизација и плутократија

1straso

1straso

Два поими го карактеризираат времево што го живееме, два поими кои светот и човештвото, во ова време на неолиберален капитализам, наместо во напредок и развој, го влечат назад, во времето на раниот капитализам, во времето на првобитната акумулација на капиталот.

Македонија, за жал, не е исклучок од овој брутален процес. Процес на пауперизација на огромното мнозинство од граѓаните и плутократско владеење на промилното малцинство исклучително богати поединци.

Процес на Пауперизација

Поимот Пауперизација (од латинскиот збор pauper – сиромашен) е израз со кој се означувал процесот на осиромашување на широките слоеви од народот, претежно работници без сопствени средства за производство, со чија нечовечка експлоатација се трупало богатство во рацете на владејачкото малцинство. Ваквиот процес на пауперизација бил најинтензивен во времето на првобитната акумулација на капиталот, односно во периодот на конституирање на капитализмот, па се’ до втората половина на 19 век.

За жал денеска, во XXI-от век, во време на исклучителен технолошки развој, во време кога владејачките елити се со полна уста демократија и рамноправност, човештвото е вратено во време на најбруталниот грабеж, во време на пауперизација, во време кога мала група луѓе го заграбува целокупното богатство на сметка на целосно осиромашување на огромното мнозинство.

Во едно вешто смислено сценарио, владејачките елити ги истакнуваат сите можни различности и нерамноправности и ги поттикнуваат сите малцински групи, без разлика дали станува збор за малцинска група различна и нерамноправна по основ на национална, верска, јазична, културолошка припадност; дали станува збор за малцинска група различна и нерамноправна по основ на родова, трансродова или ЛГБТ припадност; дали станува збор за малцинска група различна и нерамноправна по основ на ретки болести или физички хендикеп, ги поттикнуваат на борба за рамноправност со видливото мнозинство. За таа цел формираат недоброј „невладини“ организации, штедро финансирани токму од нив, за да го насочуваат вниманието кон различноста и нерамноправноста на овие и вакви малцински групи и да поттикнуваат борба за нивна рамноправност.

И, доколку и се согласиме дека нема ништо лошо во тоа и дека ваквите малцински групи, барем некои од нив, еве да речеме, заслужуваат рамноправност, никако не можеме да се согласиме со фактот дека токму тие и токму на таков начин, насочувајќи го вниманието исклучиво на ваквите проблеми, вршат дефокусирање на мнозинството од луѓето од основната различност и нерамноправност што ја живеат – економската нерамноправност, нерамноправноста меѓу еден промил безгранично богати и остатокот од човештвото во процес на целосно осиромашување.

Во Република Македонија овој процес посебно се интензивира после формирањето на стотици „невладини“ организации кои ја имаат токму таа цел, да го насочат вниманието кон проблемите на малцинските групи, за да и’ се овозможи на врхушката на СДСМ на чело со Зоран Заев, насилно инсталирана во кабинетите на Владата на Република Македонија, непречено да го изврши најголемиот (после грабежот со криминалната приватизација, исто така во режија на СДСМ) грабеж во историјата на Македонија. И да го заврши процесот на осиромашување (пауперизација) на македонското општество, кое така осиромашено станува неотпорно на националните предавства и речиси и да не може да се спротивстави на сопственото национално изумирање.

Плутократија во светот и во Македонија

Поимот Плутократија е искован од два збора: plutos – богатство и kreteo – владеам, што означува посредна или непосредна ВЛАСТ НА БОГАТИТЕ. Плутократијата, како политички систем е позната од самите почетоци на општественото уредување, но како непосредна власт е најизразена во некои италијански градови и држави во средниот век, примерот со банкарското семејство Медичи во Фиренца.

Со јакнењето на монополистичката фаза на капитализмот доаѓа до најизразено јакнење на посредните плутократски тенденции во политиката. Доаѓа до затскриено (колку што може да биде) поврзување и дури сраснување на врвовите на финансиската олигархија со врвовите на државниот апарат и највлијателните кругови на професионалните политичари и бирократијата. Посебно изразено во САД, каде што веќе подолго време се зборува за таква поврзаност на банкарскиот систем и воено-индустрискиот комплекс со државната администрација.

Денес, со појавата на новите технологии, како економски најмоќни се јавуваат сопствениците на капитал во сферата на дигитализацијата, па тие и таквите веќе се’ поотворено се пројавуваат со својата желба за власт, односно за воспоставување плутократски политички систем, каде што тие би биле непосредно вклучени. Но, имајќи ги кај себе основните алатки на глобализацијата, тие не се задоволуваат со воспоставување на таков систем во суверените држави, туку инсистираат на плутократско владеење преку светска Влада. Како да им досади да владеат посредно, преку сенилни политичари од типот на Бајден, па стануваат нестрпливи да формираат плутократска светска Влада со неограничена моќ. Примерот со Бил Гејтс и неговото вмешување во сите сфери на општеството, чија кулминација беше и неговото учество на безбедносниот самит на државници во Минхен (во непознато својство), јасно го потврдува ова.

За жал, појавата на Коронавирусот под сомнителни и се’ уште нерасчистени околности, последнава година исклучително ги забрза овие два паралелни процеси, процесот на осиромашување на човештвото (пауперизација) и процесот на наддржавно воспоставување светска влада составена од најбогатите луѓе во светот, а неизбрана од никој (плутократизација на човештвото).

Македонија – жртва на овие процеси

Во Република Македонија, за жал, со целосно дефокусирање на јавноста со најразлични скандали и битки за реални или нереални права на најразлични малцински групи, исклучително успешно се одвиваат обата процеси – процесот на пауперизација и процесот на плутократизација на општеството. Па, така успешно се осиромашува огромниот дел од граѓаните (без разлика на нивната етничка или каква било припадност) и уште поуспешно се инсталираат на власт неколку најбогати поединци. Со тоа што овој процес во Македонија има и спротивна насока (некои од инсталираните на власт стануваат екстремно богати).

Како и да е, осиромашениот, пауперизиран народ е се’ поподатлив за плутократско владеење и, ќе повторам, се’ понеотпорен на сите национални катастрофи кои ги преживува, а плутократската власт заради богатството што го поседува, убедена во својата неограничена моќ, се’ поподготвена за национални предавства, со кои би го избришала во целост постоењето на сопствениот народ бидејќи е веќе целосно отуѓена од него.

Овие нешта мораме реално да ги согледаме, да сфатиме дека мораме најитно да застанеме на патот на пауперизација на општеството со што и ќе му го одземеме правото на плутократско владеење на тој еден промил екстремно богати поединци во државата. И ако сакаме да учиме од историјата, која сакаат да ни ја укинат, ќе знаеме дека народите низ историјата, во фаза на неиздржливост од процесот на бруталната пауперизација, се спротивставувале само на еден начин – со се’народна револуција. Со тоа, покрај можноста да го спречиме безмилосното осиромашување на граѓаните, добиваме шанса да ги спречиме и националните катастрови кои водат до целосно бришење на македонскиот народ и македонската држава.

Автор: Страшо Ангеловски, претседател на #МААК за НетПрес

Најново од: На прво место

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

На 7 октомври 1946 од Софија, свечено биле испратени посмртните останки на Гоце Делчев во Македонија

На 7 октомври 1946 година започнало исполнувањето на Гоцевиот завет: да почива во слободна Македонија Гоце Делчев тргна кон Македонија Пренесувањето на посмртните останки од Софија во Скопје стана историски чин на народна почит кон великанот на македонската револуционерна борба. На 7 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле предадени на македонската делегација […]

Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава

Златна фолија и гроб на воин откриени кај струшко Корошишта Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава, сведочејќи за длабоките корени на културното наследство на Македонија. На локалитетот Расница е пронајден златен наод за кој се претпоставува дека претставува погребна маска од VI […]

Осомничените за криминал во Државна лотарија се од времето на СДС и ДУИ, односно на Таче и Груби

Кога во јавноста се појавуваат информации дека службени лица со пари од државата и од државните компании купуваат предмети за лична употреба, како брендирани чанти „Хермес“, „Луј Витон“ и „Диор“, сметаме дека јавноста треба да ги знае сите детали. Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две службени лица […]

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

Најнови вести

To top