На прво место

Карилина Ристеска : ШТО ВИ Е НЕЈАСНО?

Karolina Risteska

Karolina Risteska

Ако го разгледате делото на Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, Јане Сандански, Александров, Ченто и сите други војводи, комити, ајдути од 1903-та година до 2021 ва денес тие треба да бидат осудени во Хаг! Прсудата да биде доживотен затвор или смртна казна која со „сласт“ ќе им ја досудат тамошните судии!

Јохан Тарчуловски е жив пример за оваа денешна констатација и заклучок дека е опасно да бидеш бранител во сопствената земја!

Денес херојот треба да биде терорист! Тажно нели? Денес не се цени кај дел од народот жртвата ни со живот за Македонија. Доказ ви е војната во 2001 -та година, конфликтот во Куманово 2015-та година Диво Насеље. Денес луѓето се заслепени од материјализмот со неморалниот секс, филуван со дрога, алкохол, проституција и пари.

Но, да се вратиме на 1903-та година… Може и Крал Марко да го спомнеме или Цар Самоил, па дури и Јустинијан Први или Кралот Филип Втори и син му Александар Трети Македонски или првиот крал на Македонија Каран или самиот бог Македон! Луѓе ве прашувам зошто се изгубија вредностите?

Еве го одговорот:

Историјата денес е пишувана од неистомисленици и корумпирани лажговци! Учиме сите од исти, а всушност различни книги. Се воведува денес едно опасно едноумие кое пропагира лаги, невистини, слободно можам да ги наречам неосновани фантазии!

Во минатото Историјата се учеше усмено од колено на колено но, барем била Вистинска. Онаа пишуваната вистинската дел е сокриена, дел е под земја сеуште неоткриена но, затоа голем дел е фалсификувана и уништена. Жив пример во светот се запалените библиотеки во Александрија и дури во поново време и во Русија.

Ново време со нови вредности за храброст и живот! Запомнете.

Светот денес незнае за нашата херојска Македонија! Оваа Вистина е избришана! Само ние ја учевме и денес децата но, не за долго како што слушнавме таа потполно ќе исчезне од наставата во училиштата. Очигледно утре нашите деца ќе ја учат повторно по усмен пат оти ќе живеат раселени по светот во Канада, Америка, Австралија, Европа, Азија… Тажно и страшно време дојде но, тоа е всушност светската завера против целокупното човештво, против нашата древна македонска историја. Македонија да биде еднаш засекогаш згазена и уништена. Да биде заборавена како што и веќе е заборавена во Историјата со името кое веќе го сменија, ова е според нив, за мене е вечно името свето Македонија, потоа удрија немилосрдно по јазикот преку Бугарија и народот го обезличија да стане коси цртички!

Денес е вредност да бидеш геј, а не маж!

Денес сакаат да бидеш дилер на дрога, а не домаќин и татко!

Денес е кул да бидеш шарен, а не за ЗАЕДНИЧКА ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА!

Народе се разбудивте ли за среќа?

Се освестивте за живот во Македонија и гласавте за живот! Добивте ли живот? Оној живот кој го живее Зоран Заев дали и вие го живеете? Дали јадете со позлатени лажици и вилушки?

Разбудете се и обединете се за успешна и напредна Македонија која знае која е, која си го брани своето вистинско место во Историјата на Народите на оваа една наша планета земја!

Народот ако е силен ќе може да ја постигне целта! Ако бевме силни со Османлиите во 1903та можеме и денес само ако се обединиме и ако се разбудиме од циркузијадата на сдс!

Народот може да ја напише Историјата и да ја врати Македонија на вистинскиот пат од кој намерно ја скршнаа лажните вредности во современово човештво кои треба сега да бидат за сите нас нормални и морални со етика и култура на однесување и севкупно прифаќање на различностите.

Денес Балканот е трн во око! Мета за поткосурување на застарени сметки и создавање на нови војни конфликти, а всушност се безпотребни и наметнати!

Живеевме 50 години заедно сите во Југославија и се измешавме, значи можевме и сакавме да бидеме луѓе!

Зошто денес ве прашувам се расправаме за граници, цркви,пари, знамиња, имиња, јазици и територии? Намерно некој ги создаде нациите и помалите и поголеми држави!

Сите ние имаме еден живот!

Дали ќе го искористиме вистински од нас зависи. Еден е патот до успехот и наградата! За жал скршнавте многумина Македонци!

Бог нека ви е на помош.

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА И БОГ ДА ЈА БЛАГОСЛОВИ ЗА НАВЕК. АМИН.

1Karolina

Каролина Ристеска

Торонто, 2021 година

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top