На прво место

Гоце Марков: Кое е поголемо зло? Ковид 19, или Владата на Заев?

1598440
1598440 Гоце Марков

Во медицината, многу често знаеме да кажеме дека е подобро да се спречи, отколку да се лекува.Така и кај нас, по некоја природна навика или ,,логика” последните четири години бираме помеѓу  две зла.

   Точно една година нашиот здравствен систем е под опсада, од една страна, објективно и реално, од светска пандемија, а од друга страна, потешкото бреме-неспособните здравствени менаџери на чело со Филипче Венко.

   Организираните и модерни колективи на живеење се конципирани преку соодветни здравствени системи кои на овој едногодишен тест ги покажаа сите свои недостатоци и квалитети, се покажаа сите слаби алки, како од колективни навики до индивидуални (не)способности.

   Јавното здравје и понатаму останува наш врвен и највисок приоритет и според индексот на издржаност на системот се ориентираме и ние останатите…

Или преведено на македонски народен, јазик се разбира, наместо главната улога последниве неколку месеци да биде на Центарот, т.е. Центрите за јавно здравје, како главни координатори и носители на борбата со Covid 19, кај нас М.З. одреден период дозволи приватните клиники да прават тестови по баснословни суми.

   Сите оние мерки кои државата ги проектира и дизајнира за заштита на јавното здравје,  во овој случај, за жал рестриктивни,  се основа како да се намали бројот на контакти во социјалното опкружување.Не дека ефектот ќе биде нешто посебен со оглед на несредените општествени збиднувања, во суштина е апел на совеста.

   Гледано од страна, само мртво Слово на хартија!?

   Она што збунува, запрепастува, и разочарува како здравствено, така и морално е несериозноста, дрскоста и селективноста на носителите на Власта, нејзините практичари…

   Ајде пак да преведеме од есперантото на Власта:

   Од една страна имаме рестриктивни мерки, т.е. Полициски час од 22 до 05 часот, граѓаните ги затвораат дома, а од друга страна планираат да продолжат со најавениот Попис?!И дете од трето одделение ќе разбере дека овде нешто навистина е труло. 

   Еден огромен број на лица задолжени за попишување ќе влезат во домовите на луѓето, стари, болни, хроничари,…ќе влезат и тоа невакцинирани со ,,една од многуте вакцини на З.З.”?!

Ова повеќе не е ни смешно.Ова е болно навредувачки и ирационално, ова е патетика на една гарнитура без компас, без план и стратегија…

   Ова е се, само не е сериозност и навремена реакција.

   Вакцини секако нема, ако не ги сметаме оние на Фајзер со кои се вакцинираше еден огромно мал број на здравствени работници оставени без избор!

   Дајте ми избор на вакцини, колеги!!

Еве јас, лично веднаш би се вакцинирал со руската вакцина, без предрасуди, без политика и без да давам отчет некому(45 дена во Ковид Центар-Кочани и 15 дена Прва ротација на Инфективна клиника-Скопје).

  Јас се уште сум негативен, и покрај неколкуте тестови, и сеуште сум на таа Прва линија…и да, сеуште сум невакциниран!?

И да, јас сум исто Плаќач на даноци, обврзник и чесен граѓанин, од Истокот сум.

По кое правило, првата вакцина, онаа минорна е за ,,бели мантили” на Прва линија а оваа втората, руската, е за возрасни?

Една година помина, а нема отворено еден Ковид Центар во државата, говорам за оние од останатите градови.И додека Србија има неколку вакцини избор, а наскоро и ќе произведува, Ние тука претураме од празно во шупло.

   Нема вакцини, нема Попис!?

   Или, има вакцини, има вакцинирани попишувачи има Попис?

    Која логика ја користат овие луѓе, кои се нарекуваат Власт?

Гоце Марков-потпретседател  на ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top