На прво место

Ѓорѓија Сајкоски : ВМРО-ДПМНЕ започнува со акција на зачленување на нови членови

sajkoski19032021

sajkoski19032021

Ѓорѓија Сајкоски : ВМРО-ДПМНЕ започнува со акција на зачленување на нови членови

ВМРО-ДПМНЕ : приклучи се и биди дел од промените во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ е најголемото политичко семејство каде се запазуваат нашите традиционални вредности, каде на прво место е солидарноста, грижата за татковината и борба против сите ретроградни сили.

ВМРО-ДПМНЕ на тој план секогаш била на пионер и зачетник на големите промени во општеството, од почетокот на нејзиното создавање на нашата држава до денес. Нашата борба е возможна доколку секој еден од вас го даде својот придонес. А ВМРО ги отвора вратите за младите, способните, образованите, искусните, работливите, чесните и оние кои заедно со нас сакаат да создаваат иднина. Иднината е наша заедничка.

Затоа приклучи се. Биди дел од промените кои ја носат македонската пролет, кои се дел од новата визија, од Македонија не само каква ја сакате, туку и каква ја заслужувате.

ВМРО-ДПМНЕ од 20 март до 20 април започнува со акција за приклучување и зачленување на нови членови. Просториите на општинските комитети ќе бидат отворени од 17 часот  до 20 часот секој работен ден.

Приклучи се затоа што сакаш да бидеш дел од промените во нашата земја

Приклучи се затоа што Македонија има потреба од твоето знаење и капацитет, и нам ни требаат големи чекори напред, а не мали промени.

Приклучи се затоа што можеш да ги менуваш работите и создаваш иднина.

https://www.facebook.com/Sajkoski.Gjorgjija/posts/1777299899113916

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top