На прво место

Блокадата на Собранието не е од страна на ВМРО-ДПМНЕ, туку од страна на СДСМ и ДУИ

1Micev

1Micev

Никола Мицевски : Мнозинството на СДСМ и ДУИ е на стаклени нозе, неопходно е ново стабилно парламентарно мнозинство

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Отворено” на ТВ24 гостуваше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој се осврна на моменталната политичка ситуација во државата, нефункционалното Собрание, како и идните чекори на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицевски потенцираше дека власта не функционира добро уште од првиот ден на формирањето на парламентарното мнозинство, бидејќи власта нема стабилно мнозинство, а показател за тоа се 62 пратеници кои што во најголем дел од седниците не можат да присуствуваат на расправите и со тоа кворумот се нарушува. Тоа значи дека блокадата на Собранието не е од страна на ВМРО-ДПМНЕ, туку од страна на СДСМ и ДУИ, кои пред очите на јавноста покажуваат дека долг период не соработуваат и немаат консензус за одлуките во Собранието.

Мицевски вели дека од вкупно 273 закони во Собранието на Република Македонија од опозицијата се блокирани само 9 или 10 закони, што не претставува блокирање на Собрание, туку несогласување по одредени прашања, што е сосема легитимно.

“Во секоја демократска земја е нормално опозицијата да нема исто мислење со власта, односно да има забелешки во работењето на власта. СДСМ и ДУИ треба да размислат дали добро раководат со земјата и дали нивната работа е во полза на граѓаните или во нивна полза за да останат уште малку на политичката сцена. Јавноста е добро запознаена со работата на Собранието, односно со избегнувањето на одговорност од страна на власта и токму затоа ниту СДСМ, ниту ДУИ не треба да ја напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ. Тие треба да признаат дека мнозинството е на стаклени нозе и дека соработката им е нарушена и е на едно ниско ниво, а тоа ќе допринесе за формирање на ново парламентарно мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ”, вели Мицевски.

Зоран Заев велеше дека со 62 пратеници власта ќе функционира беспрекорно, односно дека граѓаните ќе имаат бенефит од тоа мнозинство. А сега кога мнозинството не може да функционира така како што Заев посакува, се блокираат закони, закочени процедури, тргање точки од дневен ред и така натаму. Тоа докажува за нефункционалноста на власта, додаде Мицевски.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе работи за доброто на граѓаните и ќе учествува на Собранието кога тоа ќе придонесува за подобар живот, но доколку власта продолжува да функционира расипнички и во насока на обезбедување политичка удобност за функционерите, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори таквото мнозинство да се соочи со последиците, заврши Мицевски.

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top