На прво место

Заев ги прифатил најшовинистичките бугарски теории и негации кон Македонците и Македонија

49865522 401

49865522 401

Македонија е заглавена во патот кон ЕУ од концесиите на Заев кон брат му Бојко, кој ветил уништување на идентитетот.

Захариева кажа дека Заев прифатил да потпише дека македонскиот идентитет се одвоил од бугарскиот и тој настанал по 2 август 1944 година.

Признанието на Захариева потврдува дека Заев преговара за македонскиот идентитет.

Разговорот на Заев со Борисов само потврдува дека Заев е на пат да го исполни ветеното.

Заев ги прифатил најшовинистичките бугарски теории и негации кон Македонците и Македонија.

Заев буквално го сече темелот на државата и прифатил дека се што било пред 1944 година не било македонско.

Заев не негираше ниту дека прифатил дека Илинденците и сите останати македонски револуционери се македонски бугари. Захариева го соголи Заев. А Заев ја соголил Македонија.

Нашите позиции како држава се разнишани и уништени. Заев и лично виновен, затоа што почна да разговара за работи за кои не се разговара и отвори врата за блокади кон ЕУ.

Се поврдија сите тврдења на Христијан Мицкоски дека Заев преговара за идентитетот и за обезличување на Македонија.

Заев е камен на сопнување за Македонија и нашиот пат кон ЕУ.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

На 7 октомври 1946 од Софија, свечено биле испратени посмртните останки на Гоце Делчев во Македонија

На 7 октомври 1946 година започнало исполнувањето на Гоцевиот завет: да почива во слободна Македонија Гоце Делчев тргна кон Македонија Пренесувањето на посмртните останки од Софија во Скопје стана историски чин на народна почит кон великанот на македонската револуционерна борба. На 7 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле предадени на македонската делегација […]

Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава

Златна фолија и гроб на воин откриени кај струшко Корошишта Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава, сведочејќи за длабоките корени на културното наследство на Македонија. На локалитетот Расница е пронајден златен наод за кој се претпоставува дека претставува погребна маска од VI […]

Осомничените за криминал во Државна лотарија се од времето на СДС и ДУИ, односно на Таче и Груби

Кога во јавноста се појавуваат информации дека службени лица со пари од државата и од државните компании купуваат предмети за лична употреба, како брендирани чанти „Хермес“, „Луј Витон“ и „Диор“, сметаме дека јавноста треба да ги знае сите детали. Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две службени лица […]

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

Најнови вести

To top