На прво место

Мицкоски: Аферата „Мафија“ потврдува дека Владата станала гнездо, дала закрила и соработувала со балканските нарко – босови

1micko-960x5

1micko-960x5

Кога пред неколку месеци кажав дека со државата владее мафија бев обвинет дека сум престрог во моите квалификации. Тогаш иако знаев за што станува збор имав само индиции, а денес имам и докази за тесна поврзаност на мафијата со највисоките структури на власта во Македонија. Што би се рекло мафијата има своја држава.

А, како поинаку да се нарекува власта на Заев и Спасовски кога државата ја имаат ставено на располагање на тацна на организираниот криминал и балканските криминални структури кои важат за најсилно во Источна Европа.

Аферата „Мафија“ потврдува дека Владата станала гнездо, дала закрила и соработувала со балканските нарко – босови. Барани поради организиран криминал, наркотици, убиства, насилство, државата станала услужен центар и логистика на сериозни криминални милјеа овозможувајќи заштита.

Свиркач достави информации дека постои организирана мрежа за изработка и издавање на патни исправи, пасоши кои се давале на високи мафијашки структури и тоа директно во министерството за внатрешни работи. Најскапото се добивало најевтино. Се работи за легални пасоши, одобрени, изработени и издадени од министерството за внатрешни работи и полициски структури но со украден идентитет.

Нашите информации говорат дека ваквите патни исправи издадени од министерството за внатрешни работи на белосветски пристапници има повеќе стотици. Истите биле посакувани од сериозни криминални структури бидејќи добиле ретка можност со легален пасош на туѓо име да патуваат и да ги завршат своите криминални бизниси. Можат да отворат сметки и да перат пари, и ова значи сериозни опструкции за регионални полиции кои што се борат против ваквите организирани криминални структури.  И тоа како што се американската ДЕА и Интерпол.

Значи аферата „Мафија“ има и меѓународно значење.

Таков пасош издаден од министерството за внатрешни работи раководено од Спасовски има и лицето Јован Вукотиќ кои медиумите го претставуваат за водач на озогласениот Шкаљарски клан. А, пасошот бил на име Андонов Георги. Вукотиќ пред белградскиот суд самиот признава дека по легален пат добил македонски пасош на туѓ идентитет. Како? Истиот е уапсен во Турција, во Анталија и истиот  е депортиран во соседна Србија каде што е државјанин и каде што постои осудителна пресуда на 15 месеци казна затвор поради поседување фалсификувана патна исправа. Во неговиот исказ кој што го води заменик јавниот обвинител, јасно стои дека тој си дошол во Македонија, си дал отпечаток, дека на патната исправа е неговата слика, бил сликан, но да, името кое што стои во неговата патна исправа не е неговото туку е лицето Ѓорѓи Андонов и со таа патна исправа тој патувал во Македонија, во соседна Србија, Украина, Шпанија, Турција итн.

Вториот пак, кој има барање за лична карта е Седат Пекер на има Џадин Адемовски, кој доколку се провери фигурира и на избирачкиот список, има право на глас и е со локација во Општина Чаир. Имајќи предвид дека сѐ уште не е ажуриран избирачкиот список за следните локални или можеби заедно со локалните и други избори, може да се претпостави дека ова лице можеби и гласало на некои од претходните избори или можеби е оној со брзи прсти на референдумот што гласал.

Ги повикувам медиумите и слободната јавност, а особено новинарите да проследат кои се овие луѓе? На чие име овие мафијашки структури добивале пасоши? Седат Пекер бил протеран според Министерството за внатрешни работи на 19 јануари годинава, а четири дена потоа се сликал за лична карта во полициска станица, а потоа на 27 први му е издаден овој документ, барем според документот кој ние го поседуваме.

Ова е цела таа иронија на правната држава на оваа власт предводена од Зоран Заев. Особено што, за да се издадат овие пасоши потребно е да се влезе во полициска станица, да се сликаат и да добијат вакви легални патни документи.

Ова е шамар за секој чесен граѓанин, шамар за правната држава и доказ за тесната врска меѓу власта во Македонија и мафијата.

Каква црна Европа и е дострел на оваа власт, кога владата направи дувло на криминалот од државните институции. Освен тоа што им овозможувале логистика, тие кршеле и права на граѓани, доколку се утврди дека е украден идентитетот на некој граѓанин.

Стојам пред вас и ве повикувам да не молчите, затоа што ако се молчите правна држава нема да имаме.

Поврзано со случајот „Мафија“ сведоци сме и на притисоци од структури на власта врз слободната јавност кај дел од новинарите да се премолчи овој скандал, да се прескокне и да се заборави. Тоа нема да помогне да не замолчат за да збориме колку криминална власт имаме.  А новинарите ги охрабрувам да се борат за апсолутната вистина

Моето длабоко убедување и оправдано сомневање е дека ваков случај на афера не можел да се случи без знаење на највисоките структури на власта, а ако не знаеле за тоа, тогаш тие комплетно и ја предале власта на мафијата, И ова не смее да заврши така формално со некое соопштение од министерството за внатрешни работи дека апси и при што ќе паднат некои ситни риби и службеници. Да не ни ја навредуваат интелигенцијата, ова не би било возможно без највисоките структури на власта да знаат, и ако ова не заврши со одговорност на највисоките структури на власта тоа значи дека повторно се заштитува криминалот.

Да не ја замајуваат јавноста со половични акции за приведување на службеници во МВР, туку треба силен удар на криминалците во власта. Аферата „Мафија“ има и регионално влијание и контекст, државната логистика за овие структури кои вршат сериозен криминал на Балканот и пошироко значи и загрозување на односите со пријателска Турција, Црна Гора, Србија, Албанија и други држави. Овие документи ќе ги предадеме и на Обвинителството кое го повикувам за брза резолунтна непристрасна и независна акција.

Ветувам дека една од првите работи која ќе ја расветлиме откако новата власт ќе го преземе управувањето со државата е токму ова, одговорност мора да има но од вистинските инспиратори и организатори, а не од службениците кои денеска се предмет на тортура и  каде сакаат да ја префрлат вистинската вина.

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top