На прво место

Мицкоски: Нема да прифатам ни милиметар отстапки на штета на националниот идентитет во преговорите со Бугарија

1704924

1704924

Мицкоски: Нема да прифатам ни милиметар отстапки на штета на националниот идентитет во преговорите со Бугарија, а Европа треба да го оствари тоа што го вети на народот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа, рече дека нема да прифати ни милиметар отстапки на штета на националниот идентитет со преговорите со Бугарија, и побара Европа да го исполни ветеното на народот, а тоа е почеток на преговорите со ЕУ.

„Нас ни треба датум за отпочнување на преговори и таа дата до сега требаше да се случи. И ќе го повторам тоа што сум го кажал во многу наврати дека на овој народ, мал народот, во срцето на Балканот му беше ветено откако беше понижен со таа референца за името, со промена во Уставот, а промени во знамето, па добиен судски процес во Хаг, па знаете силата на посилниот важи, не важи меѓународното право, ајде и тоа го проголтавме. На крај остана онаа насилна промена на Уставот и тогаш му беше кажано ова е последното од овој момент овој мал народ во срцето на Балканот ќе биде дел од НАТО, бидејќи сака да биде, еве учествуваше во многу мисии иако не беше членка на НАТО, но храбро беше рамо до рамо со вооружените сили на НАТО Алијансата и ќе биде дело од НАТО и ќе ги започне преговорите со ЕУ. Ни ветија и барам да си го исполнат тоа“, вели Мицкоски.

„Мене не ме интересира друго, тие што нас ни ветија дека ова е последно, треба тоа да го испорачаат. И на крајот на денот официјалниот став на Американскиот Стејт Департмент е дека билатералните работи треба да бидат надвор од процесот на преговори односно интеграција на Македонија“, додаде тој.

„Доста е веќе отстапки национални, ВМРО-ДПМНЕ, јас лично, ниту милиметар, ниту запирка нема да поддржам такво нешто, ниту пак на памет ми паѓа такво нешто. А,  уште помалку ми паѓа на памет да прифатам нешто кое што е надвор од сите мои капацитети да го прифатам како човек“, дециден е Мицкоски. 

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top