На прво место

Милошоски: Поради аферата „Мафија“,се ризикува безвизниот режим да биде ограничен, или да биде суспендиран

1Antonijo Miloshoski

1Antonijo Miloshoski

Милошоски

Настрана од внатрешните политички импликации случајот „Мафија“, со издадени 215 македонски пасоши со лажен идентитет на меѓународни нарко – швецвери, на МК може да и создаде сериозни проблеми по однос на безвизниот режим кон земјите членки на ЕУ. Доколку нема сериозна истрага на Интерпол и ЕУ за овој скандал, се ризикува безвизниот режим да биде ограничен, или да биде суспендиран.

Да се потсетиме на реакцијата на Холандија која во мај 2019-та побара укинување на безвизниот режим за албанските пасоши со образложение дека „криминалните организации преку Албанија ја злоупотребуваат можноста да патуваат без визи низ Европа и ја шират мрежата за криумчарење“, за што холандскиот парламент усвои и резолуцијата.

Од сите 215 лажни пасоши кои македонското МВР ги издало на меѓународни нарко-босови во аферата “Мафија” може да се издвои оној со лажниот пасош на име Таќо Вурмо издаден на Waleed Issa Khamays, вториот човек на италијанската мафија #Ndrangheta, кој бил задолжен за логистика на пратките со кокаин од Бразил до Западна Европа. Овој нарко бос од 2017та година е еден од најбараните нарко-мафијаши од страна на Италија, но и од целата ЕУ, преку Интерпол. И додека вториот човек на мафијата во Италија, заради меѓународната потерница не смеел и не можел да влезе ни во Хрватска, ни во Србија, ни во Бугарија, успеал во јануари 2019 година да влезе во Македонија, а самиот негов влез во земјава отвара сериозна дилема за нефункционалниот систем на контрола на границите од страна на МВР. Со влезот во земјава и издавањето на македонски пасош на Waleed Issa Khamays, Македонија не само што им направила проблем на истражните органи во Италија, туку станала и сива зона за мафијашите по кои трага Интерпол.

Безвизниот режим за ЕУ е систем на ефикасна гранична контрола, високи стандарди и меѓусебна доверба. Во случајот на издадените 215 пасоши на меѓународни мафијаши Македонија потфрлија во граничната контрола и во взаемната доверба со членките на ЕУ. Затоа ќе мора многу темелно и заеднички со ЕУ да се  истражи случајот „Мафија“, се со цел да не се загуби стекнатата привилегија за безвизно патување со македонски пасош во земјите на ЕУ.

https://www.facebook.com/137339409618867/posts/4243732808979486/

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top