На прво место

Додека ова се случува во државата, уставобранителите лежат во затвор четири години

1Aleksandar Pandov

1Aleksandar Pandov

Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија. При своеото гостување посочи дека слоганот на Шарена Револуција „Нема правда, нема мир“ беше гола флоскула бидејќи денес во Македонија роднините на функционерите се на платен список и земаат огромни хонорари, Рашковски вози автомобил кој чини најмалку 75.000 евра, а притоа невини луѓе лежат по затворите.

„Списокот за хонорарци во Влада не е цел список даден, неколку имиња фалат. Зошто? Можеби поради нивната звучност на имињата. Меѓутоа претседателот на СДММ да е ставен на паушал односно на хонорар и ние тројца да го плаќаме тука е срамота“, истакна Пандов

Пандов додаде зарем не е срамота син на Самка Ибраимоски да е дел од хонорарците во Влада.

„Најдиректно чепкале пари од Буџетот на Република Македонија, преку скриени хонорари. Син, сестра, брат на пратеници, на директори па дури и претседателот на нивната младинска организација им е на паушал ставен. Што повеќе од ова да се говори“, запраша Пандов.

Пандов посочи дека единствена обврска на овие луѓе кои се на листа на хонорари им е да пишуваат статуси и да ја плукаат опозицијата. При своеото гостување Пандов се осврна и на Шарената револуција и нејзиното дејствување пред пет години.

„Секој нормален човек гледа дека паролата „Нема правда, нема мир“ била гола флоскула. Вчера или завчера, кога им беше петгодишнината од Шарена револуција, колку само скрнавења на градот Скопје па дури и цекаде низ Македонија имаше по институции, па дури ја запалија и канцеларијата да потсетам на претседателот на државата. Се кажуваа лаги од типот убиен бил од власта и злоупотреба Никола Младенов, петте момчиња – Смилковско езеро, тоа се морбидни работи, тука е и за Мартин Нешкоски. Да се присетиме дека сопругата на покојниот Никола Младенов замоли Заев да престане и да не го злоупотребува веќе неговото име за тоа што нема врска од тоа што го говореше “,истакна Пандов.

Пандов додаде дека со право родителите на децата што беа убиени на Смилковско езеро се бунат. Заев лажеше дека има докази за свирепото убиство.

„А, при тоа што направија? Направија еден монтиран политички процес, за учесниците од 27-ми април. Луѓето политички ги осудија, ги осудија за тероризам. Нас ова што денес ни се случува во Република Македонија е крах на правниот систем на државата. За тоа што ние имаме генерелаен секретар кој што од Мексико ни порачува дека нема никаква вина, тоа плус што сам на себе си продавал софтвер, непотребен за Република Македонија. Тој човек, вчера видовме дека вози автомобил од 75.000 евра во основна веразија. А, денес читам дека околу 100.000 евра платил во Побожје на Скопска Црна Гора не знам колку метри квадратни плац. Поднел барање на синовите, на децата 800 метри квадратни за хациенда да си гради“, нагласи Пандов.

Пандов посочи дека додека ова се случува во државата, уставобранителите лежат во затвор четири години.

172373017

„На 25-ти април ќе има семакедонски протест за уставобранителите кои што невини лежат во затвор. Тој протест ВМРО-ДПМНЕ го поддржува. Патриотскиот институт го поддржува. Ќе биде исклучително масовен, истакна Пандов.

Пандов додаде дека на тој протест на 25-ти април ќе види власта како се протестира, протестот ќе биде чист, а не како оние протести на Шарената револуција.

„Не само Македонците, верувам дека сите граѓани ќе излезат и ќе дадат поддршка, и ќе пратат јасна порака на властодршците дека тие луѓе треба час поскоро треба да бидат ослободени“, порача Пандов.

Најново од: На прво место

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

Филипче слави туѓи победи, а ги премолчува поразите на СДС

Филипче порача: „Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен“, алудирајќи на Мицкоски. Самоуверена најава, како победата веќе да му е запишана, а останува само граѓаните да бидат известени. Само што во неговиот список недостига почетокот — оној што на Филипче и на СДС најмалку им одговара. Пред да брои паднати власти во туѓи […]

To top