На прво место

Приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е пред се вашето здравје

Камиловски: ФЗОМ ги остави граѓаните без основните лекови

Фондот за здравствено осигурување ги остави граѓаните без основните лекови. Досега не се случило осигурениците да не можат да ја подигнат својата месечна терапија која е на товар на Фондот. Во период на настинки, вируси и респираторни заболувања нема антибиотици и лекови за хронично болни во аптеките, истакна Виктор Камиловски на денешната прес-конференција.

-Ситуацијата е алармантна. Спрејовите Фостер и Спирива потребни на лицата болни од белодробни заболувања (Aстма и ХОББ) односно хроничен бронхит, не можат да се најдат во аптеките во услови на енормна загаденост. Доколку ги има, пациентите треба да ги купат приватно, односно да одвојат околу 6 илјади денари од својот џеб. Од ова зависи животот на пациентите, а тие се малтретираат секојдневно одејќи во аптеките, надевајќи се дека надлежните ќе ja средат овaa медикаментозна криза, нагласува Камиловски.

Тој посочува дека здравствените осигуреници, секој месец плаќаат здравствен придонес и за тоа треба да добијат соодветна услуга.

-Во Република Македонија има околу 770 аптеки со кои Фондот за здравствено осигурување има склучено договор, но за жал лековите што одат на рецепт ги нема, ама затоа ги има за пари. Фондот фиктивно ги намалува цените за лековите, а од друга страна доплатата за лекот е поголема, односно граѓаните си ја плаќаат од свој џеб.  Секоја година на почетокот вообичаено се зголемуваше квотата за лекови во аптеките. Зошто не е направено тоа годинава? Зошто не е зголемен буџетот за квоти во аптеките? Дали е тоа поради тоа што на здравството му се заканува финансиски колапс?, прашува Камиловски.

Тој нагласува дека приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е пред се вашето здравје. Болеста и лекот не препознаваат партиска, верска или етничка припадност. Вистинскиот лек му е потребен на болниот, во точно време и на право место, а тоа се аптеките. Пациентите не бараат ништо друго освен она што го заслужуваат.

-Затоа му предлагаме на Фондот за здравствено осигурување, итно и неодложно да ги зголеми месечните квоти на аптеките за лекови за пациентите навреме и благовремено да си ги добијат своите медикаменти, додава Камиловски.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

На 7 октомври 1946 од Софија, свечено биле испратени посмртните останки на Гоце Делчев во Македонија

На 7 октомври 1946 година започнало исполнувањето на Гоцевиот завет: да почива во слободна Македонија Гоце Делчев тргна кон Македонија Пренесувањето на посмртните останки од Софија во Скопје стана историски чин на народна почит кон великанот на македонската револуционерна борба. На 7 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле предадени на македонската делегација […]

Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава

Златна фолија и гроб на воин откриени кај струшко Корошишта Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава, сведочејќи за длабоките корени на културното наследство на Македонија. На локалитетот Расница е пронајден златен наод за кој се претпоставува дека претставува погребна маска од VI […]

Најнови вести

To top