На прво место

Слободан ТОМИЌ : ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ ОД 30 АПРИЛ 2020 ВАЖИ И ДЕНЕС!

13636

13636 Слободан ТОМИЌ

Браво претседателе, браво Стево…

Така треба да се однесува еден претседател или татко на нацијата кога станува збор за праведност, правичност и владеење на правото и разумот.

За потсетување, точно пред една година или на денешен ден 30 април 2020 година, како претседател на Форумот “Гласот на народот”, заедно со Светскиот Македонски Конгрес поднесовме Иницијатива до тебе, како Претседател на Македонија и професор доктор по правни науки, да бидат ослободени неправедно осудените за настаните во Собранието од 27 април 2017 година од натамошно извршување на казната затвор и нејзино бришење, бидејќи не се терористи!

Народот на 25 април 2021 година пред Собранието, на Семакедонскиот протест од Владата до Собранието, проговори со јазикот на правдата, слободата и вистината: “Сторителите на настаните во Вејце на 28 април 2001 година се терористите!” Уставобранителите се патриоти и родољуби кои го бранеа името, Уставот, правата и слободите, правдата и правниот поредок.

Ти во 2001 година беше дел од тимот на претседателот Борис Трајковски, нели?

Затоа, ја имаш пред себе целата слика. И секако, знаеш да разликуваш што се тоа терористи и што е тоа тероризам!

Уставобранителите не се терористи! Врховниот суд треба да ги поништи пресудите и да овозможи повторно судење, од слобода да докажат дека не се виновни!

1Protest 6

За правда и слобода во Македонија, правда и слобода на уставобранителите од 27 април 2017 година.

Најново од: На прво место

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

Филипче слави туѓи победи, а ги премолчува поразите на СДС

Филипче порача: „Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен“, алудирајќи на Мицкоски. Самоуверена најава, како победата веќе да му е запишана, а останува само граѓаните да бидат известени. Само што во неговиот список недостига почетокот — оној што на Филипче и на СДС најмалку им одговара. Пред да брои паднати власти во туѓи […]

To top