На прво место

ВМРО-ДМНЕ : Зоран Заев ја окупирал СДСМ за свои лични и бизнис интереси

2a

2a 2

Членовите на СДСМ сами велат дека проблемите се зголемуваат, изворот на тие проблеми е Заев и мора да биде поразен

Тоа не го говори само ВМРО-ДПМНЕ, тоа не го говори само јавноста, туку за тоа се свесни и дел од членовите на неговата партија.

Последните информации кои излегоа во јавноста само покажуваат дека веќе ни членовите на СДСМ не веруваат во демократските капацитети на Заев и во неговите лаги за владеење на правото и подобар живот.

Јасно како дене се гледа султанизмот кој владее во СДСМ како и хибридниот режим во цела Македонија. Сите оние кои му пркосат ги јаде помрачина, а сите оние кои му се покорни се наградуваат. Шерифлукот кој владее во СДСМ ги направи сите оние кои се блиски до Заев да се чувствуваат над законот и над обичниот човек и мислат дека се што сакаат тоа може да го направат.

Зоран Заев е проблем и за СДСМ и За Македонија.

Како што велат во СДСМ „проблемите само се зголемуваат“ говори дека генератор на кризи и проблеми во Македонија стана Заев и кликата околу него. Проблемите на нашето општество се криминалот, корупцијата и хибридниот режим на Заев.

Македонија може да оди напред само ако изворот на проблемите, погазувачот на достоинството на народот и на државата си замине и да биде поразен, а тоа е лично и персонално Заев.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

На 7 октомври 1946 од Софија, свечено биле испратени посмртните останки на Гоце Делчев во Македонија

На 7 октомври 1946 година започнало исполнувањето на Гоцевиот завет: да почива во слободна Македонија Гоце Делчев тргна кон Македонија Пренесувањето на посмртните останки од Софија во Скопје стана историски чин на народна почит кон великанот на македонската револуционерна борба. На 7 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле предадени на македонската делегација […]

Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава

Златна фолија и гроб на воин откриени кај струшко Корошишта Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава, сведочејќи за длабоките корени на културното наследство на Македонија. На локалитетот Расница е пронајден златен наод за кој се претпоставува дека претставува погребна маска од VI […]

Најнови вести

To top