На прво место

Калошев: Полицајците не ми кажуваа зошто ме приведуваат, само ме удрираа, бев на лекар констатирани се повреди

1stefan

1stefan

Стефан Калошев, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, денеска беше приведен и удиран од страна на полицијата на протестот пред Мавровка, а како што вели дека се се случило откако почнал да снима, иако тој воопшто не ја снимал полицијата, сепак бил однесен до станица и малтретиран.

197571

– Како Македонец и слободен граѓанин на Република Македонија дојдовме на протест против оваа ненародна власт, се фотографиравме, во еден момент решив да снимам и во тој момент еден од полицајците ми рече дека не смеам да снимам. Јас му кажав дека сум слободен граѓанин и дека можам да снимам.  Тргна на кај мене, ме фати за раката, се пуштија неколку полицајци околу мене, не знаев што се случува, бев испаничен. Еден од полицајците ме удри во слабина, ми ставија лисици и ме однесоа на кај колата да ме приведат, да ме носат во полициска станица. Иако прашував тие не ми одговорија, вели Калошев.

Тој потенцира дека и пред да влезе во полицискиот автомобил, бил удрен во главата и повторно прашувал зошто го носат, но наместо одговор полицајците му викале и го удирале.

– Кога стигнавме пред станица, повторно прашав зошто се случува ова, зошто ме удираат дека не сум направил ништо лошо, еден од полицајците ми викна да ќутам и ме удри по лицето Малку изгубив свест, не знаев каде се наоѓам, не можев ни да зборувам ми се вртеше. Потоа ми рекоа дека ова е за кривична пријава, но еве прекршочна нека биде, потпишав записник, ме вратија на истото место, рече Калошев.

Погледнете го видеото со изјава на Стефан Калошев:

https://youtu.be/h7kdfeSMzHM

Најново од: На прво место

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

Филипче слави туѓи победи, а ги премолчува поразите на СДС

Филипче порача: „Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен“, алудирајќи на Мицкоски. Самоуверена најава, како победата веќе да му е запишана, а останува само граѓаните да бидат известени. Само што во неговиот список недостига почетокот — оној што на Филипче и на СДС најмалку им одговара. Пред да брои паднати власти во туѓи […]

To top