На прво место

Ѓорѓи Илиевски : ЈАНИЧАРУ ТОПАЛОВ

14ilies

14ilies

Во повеќе наврати Кирил Топалов, инаку член на мешовитата експертска мултиципиланарна   комисија   за   историски   и   образовни   прашања   меѓу   Р.Македонија и Р. Бугарија , во бугарските медиуми (кои често се пренесуваат и кај нас) дава    изјави од  типот:  „низ срцата на една  третина од бугарското население   тече   крвта   на   оние   Бугари   што   гинеле   за   слобода   на   Македонија, поради што нивните потомци никогаш нема да прифатат дека нивните дедовци не зборувале бугарски јазик и не ги дале своите животи со јасна бугарска свест“.

Јаничару Топалов, да те потсетам, ти си роден во 1943 година во Софија. Пишуваш дека си македонски бугарин, потомок на бегалец од Дебар.  Ти всушност си ги добил сите привилегии во Бугарија, почнувајќи од основно образование до професорска и дипломатска кариера. Од Бугарија си добил разни признанија и ордени. Основите  на твојата кариера  си ги изградил  во време  на  комунизмот  во Бугарија   под   советска   доминација,   по   кои   сега   така   жестоко   плукаш.   Така   си накалемен да искористиш се што може од еден систем, а потоа без трунка совест и човечко достоинство да се свртиш против него. Притоа забораваш дека со тоа плукаш против себе. Од друга страна ти се самоидентификуваш како македонски Бугарин.  

Впрочем   тоа   е   твое   право,   ти   самиот   знаеш   како   си   накалемен,   но знаеме и ние, каков хибрид си. Едноставно ти си јаничар. Сепак твое лично право е како се самоидентификуваш  во твојата татковина Бугарија која ти дала се, но те предупредувам немој ни случајно да се обидуваш да ни поддметнуваш бугарска основа за калем на нам Македонците во нашатата татковина Македонија.

  Јаничару  Топалов,  знаеме  дека   во   потрага  на   своите  корени   можеш  да приведеш разни информамации во статистиките на твоите калемераи, кои овие свои статистики го составувале за оправдување на бугарските хегемонистички претензии кон Македонија. Но, тие не се единствени извори за реконструкција на минатото. Впрочем ти треба да знаеш дека османлиските пописни дефтери во нашиот дебарски крај како и насекаде во Македонија и Балканот разликуваат само муслимани   и   немуслимани   т.е.   христијани.   Но   постојат   и   други   извори   кои недвосмислено говорат за  македонско славјанско  христијанско насление, каков што впрочем е твоето потекло, но и потеклото на твоите и моите роднини.

За разлика од тебе ние не мислиме, не доживуваме и не прифаќаме дека нашите корени  се бугарски.  Ние  сме  потомци  на  христијанско  населние  од  славјанско потекло, ние сме Македонци. Нашите корени се македонски, а македонски се и нашите стебла и нашите плодови. Такво, македонско ни е и семето и племето. Да те потсетам дека од хибридите сорти не бидува семе. Тие сорти се одржуваат исклучиво на вештачки начин.

 Јаничару Топалов во градот Дебар со вековите биле застапени и сочувани стари македонски родови. Такви се на пример родовите Казанџиовци, Шулајковци, Панчевци,  Чопкаровци, чии што  потомци  денес   може   да   се   сретнат   во   Скопје, Битола, Белград и Софија. Раселувањето на старите родови од Дебар започнало во османлискиот период и продолжило потоа од разни економски, политички и безбедносни причини.

За илустрација ќе ги споменам само родовите: Симоновци, Куновци,   Ќешировци,   Пелетковци.   Од   друга   страна   во   меѓувреме   во   Дебар   се доселувале славјански македонски родови од неговата поширока околина, а потоа повторно од веќе споменатите причини, повторно се раселувале. Меѓу таквите ќе ги спомнам   родовите  :  Чочковци,   Џиковци,   Тикварци.   Од   последниот   род   се формирало   Тикварско   маало.   Така   на   пример   Чадиковци   се   од   потекло   од Коџаџик. 

Твојот род, родот на Топаловци води   потекло   од   село   Староец близу Пишкопеја, а таму се викале Кајмаковци. Од овој род  преку Дебар се иселиле семејства во Битола, Скопје, Струга и Софија.

Јаничару   Топалов,   ти   и   твојот   род   немате   никаков   бугарски   корен,   туку славјански – македонски.

Јаничару  Топалов, таа е вистината.Твоите   корени  се  македонски,  а   не бугарски.

Јаничару Топалов, Бугарското општество, ти ги дало сите удобности, лични унапредувања  за да можеш ТИ (има и други јаничари такви јаничари со македонски корени) за да може гласно да лаеш по својот род, по својата мајка МАКЕДОНИЈА. Те хранат за да лаеш.

Јаничару Топалов, можеш да лаеш колку што сакаш, но имај предвид дека ти си врзан за ланец и ќе лаеш дури ти потфрлат соголени коски. Штом стопанот,или некој друг ќе те погледне под око ти ќе си ја подвиткаш опашката. Само да знаеш, дека  твоето лаење само не потврдува нас како Македонци.

Јаничару Топалов, за  таквите  накалемени хибриди како тебе, нашиот великан Гоце Делчев ќе рече: „ Јас не познавам друг народ кој толку страдал од своите синови – изроди, отколку македонскиот“. Ти си еден од тие македонски изроди – ти се еден од повеќето бугарски јаничари.

Јаничару Топалов, Кучињата лаат и кога се плашат, куче лае од стра. Кога лаат, најдобро е полека да поминеш покрај нив и да не ги есапиш. Само треба да ги погледнеш во очи, колку да знаат дека си ги препознал, дека се ЉАНГАЧИ-ПРЕДАВНИЦИ НА СВОЈОТ РОД, таков си ти Јаничару Топалов.

Македонија вечна !

АМИН!

1048042

Ѓорѓи Илиевски

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top