На прво место

ОМД за извршната наредба на Бајден и 3-годишнината од Договорот од Преспа

1zaj123

1zaj123

Денес, 17-ти јуни, се одбележува 3-годишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа, договор кој огромното мнозинство на Македонци во целиот свет смета дека им е наметнат на противзаконски па дури и измамнички начин. Обединетата македонска дијаспора (ОМД), како водечки глас на Македонците во странство, повторувајќи го своето недвосмислено спротивставување на „Договорот од Преспа,“ќе продолжи да ѝ се обраќа на татковината како Република Македонија – со името определено од огромното мнозинство од нејзините граѓани и дијаспората на референдумот во 1991 година.

Од неговото спроведување, Договорот од Преспа ја продлабочи систематската дискриминација на Македонците, не само во Македонија, туку и во Грција, Бугарија и други земји. И покрај наводните уверувања дека македонскиот идентитет ќе биде заштитен со Договорот од Преспа, несоодветната употреба на придавката „северномакедонски“ (измислена ознака што не е содржана во Договорот од Преспа) неконтролирано се употребува низ медиумите и меѓу владините и невладините субјекти во текот на последните три години. Покрај тоа, говорот на омраза и малтретирање на Македонците на социјалните мрежи се интензивираше, без да има соодветна реакција од гигантите на социјалните медиуми како Фејсбук, Твитер и Инстаграм против антимакедонски коментатори и агитатори.

Неодамна, пласирањето на Македонија на ЕП 2020, собра дискриминаторски и коментари полни со омраза во бугарските и грчките интернет портали. И покрај тоа што МКД е официјална скратеница според Меѓународната организација за стандардизација и Договорот од Преспа, грчкото Министерство за надворешни работи и грчкиот министер за спорт ѝ пишаа на УЕФА со барање ова да се промени. Ваквите постапки докажуваат дека и покрај тоа што Македонија го смени името, Грција ќе продолжи да предизвикува пречки за својот сосед. ОМД верува дека Договорот од Преспа ги охрабри Бугарија и Грција да го овековечат и засилат негирањето на основните човекови права и верски слободи на нивните македонски малцинства.

Во ваква ситуација, на 8 јуни 2021 година, претседателот Џо Бајден издаде нова Извршна наредба (И.Н.) за Западен Балкан, проширувајќи ја И.Н. на претходните администрации со вклучување на Договорот од Преспа. Иако И.Н. се однесува на значителниот криминал и корупција во Југоисточна Европа, таа исто така е разочарувачки двосмислена и широка по своите термини.

ОМД чека појаснување од Белата куќа, Министерството за финансии и Стејт департментот за тоа како овој И.Н. ќе влијае врз граѓаните на Соединетите држави (САД), двојните американско-македонски граѓани и американските субјекти, во контекст на нивното загарантирано право на слобода на говор според 1-виот амандман на Уставот на САД. Слично на тоа, слободата на говорот е заштитена според член 16 од македонскиот устав, обезбедувајќи им на македонските граѓани право да ги искажуваат своите мислења јавно и отворено. Во очекување на официјално појаснување на владата на САД, Македонците изразуваат загриженост дека И.Н. може да се искористи за да се задуши јавната дебата и нивните основни човекови права.

Во меѓувреме, Бугарија продолжува да опструира во рамките на Европската унија (ЕУ), барајќи неправедно Македонија да ги ревидира својата историја, идентитет и јазик, за да влезе во ЕУ. За жал, Самитот на ЕУ следната недела не и носи многу надеж на Македонија да добие датум за почеток на пристапните преговори, бидејќи сè уште е заглавена во чекалната од 2004 година.

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top