На прво место

ВМРО-ДПМНЕ : Со концептот „Македонија за сите луѓе” ќе обезбедиме плати од 750 евра за граѓаните

1Micko220

1Micko220

На вчерашната промоција на концептот „Македонија за сите луѓе” во Карпош, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го посочи планот на партијата како да се обезбеди просечна плата за граѓаните на Република Македонија од 750 евра или 45.000 денари.
ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период ќе промовира еден нов пристап кон решавање на економските проблеми, односно ќе понуди решенија кои ќе бидат навистина привлечни и реални за граѓаните, се со цел да го подобрат нивното секојдневние и нивниот животен стандард. Една од првичните е трговијата со криптовалутите, која што ќе им овозможи на младите луѓе побрз и поефикасен трансфер на финансии, а со тоа македонските граѓани ќе бидат директно инволвирани и запознаени со европските и светските трендови на функционирање, истакна Мицкоски.
Тимот на економисти во ВМРО-ДПМНЕ  долг период разработува и концепира еден нов процес на зголемување на просечната плата во државата, односно работат докажување на теоријата за зголемување на просечната плата во државата, базирана на факти и аргументи. Концептот “Македонија за сите луѓе” е концепт кој се заснова на одредени постулати кои што се во тесна корелација со издржаните факти и точните пресметки како граѓаните да стигнат до 45.000 денари просечна плата, додаде Мицкоски.
Наместо Република Македонија да биде земја која што ќе биде лицето на криминалот и дрогата, како што Владата сака да ја претстави пред светот, ВМРО-ДПМНЕ во новата програма ќе го објасни и обзнани концептот за трговијата со криптовалути и учеството на пазар тежок половина милијарда евра. Тоа значи половина милијарда евра во буџетот, образованието, здравството, земјоделието, повисоки пензии, повисоки стипендии за студентите и задржување на младата популација тука во Македонија, рече Мицкоски.
Мицкоски додаде дека иднината е дигитализацијата и трговијата со криптовалутите, односно вмрежување во трансакции со целиот свет и учество на најголемиот економски пазар во светот, кој е далеку поголем од многу гиганти од типот на Фејсбук. Република Македонија мора да оди кон иднината и агресивно да граби од она што се случува во модерниот свет и тоа искуство да го практикува во земјата, рече тој. 
Додека Владата предводена од СДСМ на дрзок и бескрупулозен начин со европско знаменце сака да изгласа легална продажба и извоз на опојни дроги, односно овозможување богатење на неколку луѓе блиски до семејството Заеви, ВМРО-ДПМНЕ нуди реален проект и концепт кој кај граѓаните со сигурност ќе донесе над половина милијарда евра. Тоа ќе бидат пари кои граѓаните ќе ги почувствуваат во сите сфери на општеството, додава Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ во овој момент во позиција на опозиција ќе предложи закон кој ќе овозможи легална трговија на криптовалути во државата, што ќе придонесе за далеку поголемо трансферирање на средства во државата, а кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие довербата да ја предводи Владата на Република Македонија, ќе овозможи непречено чување и трансферирање на криптовалути, заврши Мицкоски.

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top