На прво место

Владислав Ковачев

vladislav-kovacev– “Пет минути од деноноќието и посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата Македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за нea. Ја сакам Македонија повеќе од се друго на светот“


– “А ако наспроти нашите очекувања, македонското прашање не биде решено, ние ќе најдеме сила и верба само во нашата еднодушност, за да ја продолжиме повторно борбата за извојување човечки правдини, какви што може да ни ги гарантира само една самостојна Македонија“.

Неговиот лик и дело неспомнувани, незнаени, неправедно заборавени и запоставени од Македонската историска наука. Има ли зошто?  

Кој е Владислав Ковачев?

Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев роден на 05.01.1875 година во Штип, од револуционерното штипско семејство Ковачеви.Татко му Михаил Антонов Ковачев бил раководител на штипскиот Револуционерен комитет и учесник во Илинденското востание.  Истовремено бил учител во Штип, Скопје, Солун. Мајка му Елена, покрај Владислав родила уште седум машки и едно женско дете, Катја. Владислав имал брат близнак Владимир кој починал мошне млад.Чичко му Јосиф Антонов Ковачев е основач на првото машко педагошко училиште во Штип и Македонија.

Владислав Ковачев  како млад потпоручник  во 1895-та се вклучува во македонското револуционерно движење,односно како што подвлекол Павел Шатев – “ Целосно му се предаде на македонското ослободително движење.” Од 1899 до 1901 година, Ковачев бил секретар на Врховниот македонско-одрински комитет (ВМОК), на чие чело тогаш стоел Борис Сарафов. Владислав бил задолжен за организирање на револуционерните комитети во Македонија и Одринско. Во тој период бугарската држава започнува да ги меша своите прсти во македонското ослободително дело. Наоѓајќи се во фокусот на идејните бранувања во раководството на ВМОК во Софија, Ковачев ќе се изјасни против врховизмот на бугарскиот генерал Цончев.

Во 1902 година Владислав  Ковачев заминува за Македонија и во Горна Џумаја (денешен Благоевград, Пиринска Македонија) со својата чета води борби против врховистите заради спречување на  Џумајското востание кои врховистите сакале предвреме да го кренат. Во наредниот период  Ковачев претстојува во Штипско,Светиниколско и Кочанско каде се ангажирал во вооружувањето на населението и бил иницијатор на неколку покрупни вооружени акции.

Во почетокот на 1903-та, Владислав се наоѓа во Софија кога на седниците на ЦК на ТМОРО  се решавало за кревање на Илинденското востание.  Ковачев застанува на страната на Гоце Делчев и Ѓорче Петров и се произнесува против предвремено кревање на востанието, иако  во душата бил за востание. За време на востанието, Ковачев со својата чета дејствува во Штипско и Кочанско (во кои борби бил и ранет). За време на Илинденското востание се вклучува во борбените дејства во Кратовско заедно со четата на војводата Атанас Бабата.

Од тој период останува една песна која народот ја испеал за четата на Ковачев:

”Огин избухна штипската каза
штипската каза, село Карбинци
тамо се бијат млади  јунаци
млади јунаци, сите Македонци
најнапред беше Славчо Ковачев
по него беше Гено кумита
Гено кумита веле и  говоре:
Станвајте браќа, станвајте  не спијте
огин ќе го горе селото Карбинци”…          

По неуспехот на Илинденското востание, Ковачев краток период бил Скопски војвода, а потоа на неколку години  ја напушта Македонија. Од  1904-1909 год. студира правни науки во Париз, а во 1911-та докторира  во Брисел.  Неговото враќање се совпаднало со почетокот на Балканските војни во кои зема учество во редовите на бугарската армија, мислејќи дека се бори за слободата на Македонија, како и околу 100.000 Македонци кои борејќи се во грчката,српската и бугарската војска мислеле  дека се борат за ослободување од Турците, а всушност се бореле за ново ропство, овој пат од новите “ослободители“. Подоцна, во Политичкото верују на Македонците, Ковачев  многу прецизно ги опишува  погубните балкански војни за Македонија :

“… Царот Фердинанд  ја донесе на власт полтронската конзервативно-цанковистичка влада, која свесно и доброволно ја потпиша смртната пресуда на македонската независност со создавањето на таканаречена “спорна” и “неспорна” зона, со што во принцип почна поделбата на Македонија меѓу нејзините алчни соседи! Секоја од нив, со исклучок на херојската Црна Гора, го очекуваше ветениот богат плен од распадот на Хамидовата Турција. Од тука произлегоа факторите што го погребаа македонскиот идеал: единствена и целосна, слободна и независна Македонија! …“

По завршувањето на Балканските и Првата светска  војна, Ковачев работи како адвокат  а потоа и судија во Софија и заедно со дејците од  левицата на ВМРО, активно се вклучува во политичкиот живот на македонската емиграција во Бугарија.Во 1919 год. ја издава брошурата “Автономна Македонија“, во која јасно застанува зад идејата за автономна македонска држава. Во брошурата пишувана во предвечерието на Париската мировна конференција, Ковачев бара од бугарската власт “јасно и категоричко прифаќање на идејата за создавање на автономна Македонија како одделна,самостојна политичка единица во нејзините географски граници, под гаранција на Лигата на народите“.Притоа тој апелирал до бугарската влада и до бугарските политички партии да ги задолжат бугарските делегати на Париската мировна конференција да се застапуваат “за решавање на македонското прашање преку создавање на самостојна Македонија“…брошурата ја завршува со следната реченица:

“А ако наспроти нашите очекувања, македонското прашање не биде решено, ние ќе најдеме сила и верба само во нашата еднодушност, за да ја продолжиме повторно борбата за извојување човечки правдини, какви што може да ни ги гарантира само една самостојна Македонија“.

Веднаш по донесувањето на решенијата на Париската мировна конференција, Ковачев меѓу првите најостро ќе протестира против “големата неправда што беше направена кон нас Македонците“ .Особена активност тој ќе пројави во консолидирањето и обединувањето на Македонските емигрантски и бегалски маси и Македонските револуционерни сили во Бугарија, посебно кога ќе почне да се врши силен идеолошки и пропаганден притисок од страна на Извршниот комитет на македонските братства во Бугарија. 

На 4 Декември 1921 год. ќе биде формирана Македонската емигрантска федеративна организација (МЕФО),чиј главен идеолог и гласноговорник ќе биде Владислав Ковачев. Тој е избран за член на политичката комисија и станува еден од раководителите на МЕФО. Главната идеја на федералистите била “Создавање на Македонија во нејзините географски и економски граници, како самостојна политичка единица,како етапа за остварување на Балканска федерација “. Развивајќи ја идејата на МЕФО, Ковачев ги разработил и дефинирал термините:

Македонци, Македонски народ, Македонско население, Македонска душа, Македонска борба… Како жесток приврзаник на идејата за создавање одделна држава на Македонскиот народ Ковачев ќе истакне:

“Ние треба еднаш засекогаш да разбереме дека нашиот спас е исклучително во нашите раце. Впрочем ослободувањето на Македонија пред се е дело на сите нејзини синови без разлика на вера и националност. Од нашата силна волја, од нашата длабока верба во светла иднина, како и од нашата сполотеност и еднодушност во значителен степен зависи реализирањето на нашиот идеал – создавање на самостојна Македонија! “

Ковачев најостро ќе реагира и против братоубиствата помеѓу Македонците во организацијата. Во името на “Штипската колонија во Софија“ на 28 Февруари 1923 год., тој упатил писмо-декларација до Тодор Александров, апелирајќи “да престанат еднаш засекогаш прогонувањата и братоубиствата меѓу нашите сограѓани“,посочувајќи ги примерите со Стојан Мишев и Ване Арсов, притоа укажувајќи му на Александров дека “ние треба нашите заеднички и сложни усилби да ги насочиме за спасување на нашата Татковина од нејзините денешни поробувачи“.

Како искусен револуционер, Владислав Ковачев со воодушевување  ја прифатил политичката платформа  на ВМРО -Обединета на Димо Хаџи Димов, изложена со Мајскиот манифест од 1924 год., во кој главната цел била “Обединување на македонските сили во единствен револуционерен фронт за ослободување и обединување на независна и самостојна Македонија во нејзините природни, географски и етнографски граници“.

И во последните писма од 2 Септември 1924 год., испратени до весникот “Независна Македонија“ само неколку денови пред неговата смрт, Владислав останува доследен на својот идеал, како што нагласил во писмата “Да ја видиме побргу нашата Татковина слободна и независна“.

Бугарската власт уплашена од Мајскиот манифест решила да ја уништи прогресивната македонска емиграција која сакала независна Македонија. Врз основа на смртната пресуда на ВМРО- Автономистичка, потпишана од Александар Протогеров а, по наредба на Ванчо Михајлов, на 13 Септември 1924 год. во Софија е убиен Владислав Ковачев. Неколку часа по неговото убиство, убиен е и Димо Хаџи Димов. Тој Септември е еден од најцрните во Македонската историја. Тогаш доаѓа и до познатите Џумајски колежи, кога е обезглавена прогресивната Македонска левица, од кои голем дел биле дејци на ВМРО – Обединета. Во Горна Џумаја е убиен бесмртниот поет на Македонската слобода, авторот на неиздадената поема “Илинден“ – Арсениј Јовков. Тие денови се убиени над 300 прогресивни Македонски дејци.           

Македонците се убивале меѓу себе како кучиња. Иронијата да биде поголема, Ковачев е убиен од својот сограѓанин, штипјанецот Мирчо Кикиритков, пред очите на две малолетни деца на Ковачев, убиен е на 13.09.1924 година.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top