На прво место

СЕ ОДРЖАА „48-ТЕ ЉУБАНСКИ ИЛИНДЕНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ“

1is1e21

1is1e21

На први и втори август 2021 година се одржаа „48. Љубанските илинденски иселеничките средби“.. Тие се значајна иселеничка манифестација не само за Љубојно и Преспа, туку и за Република Македонија. Во тие денови се славеше Илинден, најголемиот ден на слободарскиот дух од сите денови и празници на македонскиот народ и Македонија. А Илинден за македонскиот народ е величествен ден на сенародниот македонски копнеж за борба и слобода на Македонија. Затоа тој голем ден за сите Македонци од етничка Македонија го прави Љубојно да е најубаво, највесело и најпривлечно.

Четириесет и осумите „Љубанските илинденски иселеничките средби“  започнаа во дворот на  старото училиште „Димитар Влахов“ (кое се очекува државата да го  реновира)  со македонската химна и со поздравните говори на д-р  Живко Гошаревски, градоначалник на Општина Ресен и д-р Венко Филипче, министер за здравство, со што Средбите беа прогласени за отворени.

Во организација на „Одборот за прослава на средбите“ на чело со Васил Томулевски, оваа година на Илинден во Љубојно се собраа бројни иселеници од прекуокеанските земји, од Европската Унија, Преспанци што живеат низ Македонија, голем број Македонци од егејскиот дел на Македонија што живеат ширум светот, гости и иселеници од другите села, туристи од Претор, Сливница, Долно Дупени, Брајчино, Наколец, Штрбово, Арвати и Крани, како и голем број повратници од Преспа,  Битолско, Охридско, Леринско и од Мала Преспа.

Средбите започнаа со литературна манифестација посветена на великанот на македонскиот јази Блаже Конески. По тој повод беше промовирана стихозбирката „Раѓање“ од поетот Бошко Рајчовски-Пелистерски од Детроит, Соединетите Американски Држави (САД), за која зборуваше проф. д-р Виолета Ачковска, а песната „Тешкото“ ја рецитираше поетесата Анета Коруноски-Париз од Чикаго, САД. Потоа, беше промовирано делото „Преспанска разгледница“ од Славе Катин од Љубојно. Промотор беше познатиот новинар, колумнист и публицист Веле Митановски од Охрид.

На оваа културна манифестација беше промовирана и монографијата за познатото семејството „Видиновски“ од Торонто, Канада, чиј автор е Слае Катин. За ова значајно моногравско дело кое е посветено за македонска поетеса Рада Видиновска зборуваше Милчо Јованоски познат новинар, публицист и душата на порталот „Публицитет“ од Охрид

На литературната манифестација Славе Катин се осврна на животот и делото на познатиот и признат иселеник од Љубојно, поетот Бошко Рајчовски-Пелистерски, водител на радио часот „Оро Македонско“, кое постои во САД цели 5о години и кој е мост меѓу Македонија и Соединетите држави Потоа се одржа промоции на делата „Бричење петли“ од публицистот Владо Димовски, кој е од Долно Дупени, а делото  го претстави Марија Младеновса и публикацијата „Златниот часовник што го запре времето“ од дипломатот Костадин Дораковски кој е Битолчанец со потекло од Љубојно, кој го претсатви делото пред публиката.

Потоа, традиционалните четириесет и осуми „Љубанските илинденски исредби“ продолжија со народна веселба во Центарот, познат како  „Полена“ во Љубојно,  каде беа собрани голем број посетители. Веселбата ја збогатија младите и полетни играорци на Друштвото „Гоце Делчев“ од Битола и КУД „Новаци“ од Новаци, кои се претставија со грст македонски народни ора и песни, за што беа наградени со аплаузи.

Иселеничките средби се исполнети со интересни содржини, Тогаш ечат песни и ора, се радуваат луѓето на многуте визити, видувања, спомени и завет – дека каде и да се, ама на Илинден, во Долна Преспа да се.  

Овој голем ден на верската и националната симболика на македонскиот народ ја издигна до ниво на магија која го поврзува, независно дали се наоѓа во Македонија, Австралија, Европа, Канада, САД, Европската Унија или на други простори во светот. Овој македонски празник е ден над деновите, симбол над симболите, магнет над магнетите.

Во текот на средбите присутните ги забавуваа  групата „Персиди“ и естрадните уметници Елена Велевска, Елена Јовческа, Соња Ристевска, Снеже Радичевска, Благојче Стојановски – Туше и Ташко Каранфиловски, кои со своите познати македонски песни оставија убав впечаток кај присутните. Исто така, на средбите се претставија и ученици кои потекнуваат или беа гости во Љубојно. Нивните игри и песни беа проследени со големо вниманија и беа наградени со искрени аплаузи од публиката.

Инаку, „Љубанските илинденски иселенички средби“ се доживуваат свечено и празнично во сите куќи во Љубојно и кај сите посетители. На Илинден Љубојно добива свечен празничен лик. Тогаш се чувствува топло гостопримство и срдечност кај сите оние што доаѓаат и се среќаваат со своите роднини, пријатели, познати…

Токму на Илинден во Љубојно со гордост се истакнуваа бурното минато исполнето со непокор и борба за опстанок. Тоа е резултат на фактот дека на првиот Илинден во 1903 година се случиле бурни и драматични настани, а и во текот на окупацијата Љубојно беше едно од жариштата на револуционерното движење и прва ослободена територија во Преспа.

На прославата на четириесет и осмите „Љубанските илинденски иселенички средби“, се потврди дека  родното место, со невидена сила ги привлекува иселените повторно да се вратат на дедовските корени. На средбата во прекрасната атмосфера присутните ги доживееја деновите и моментот како во поранешните времиња. На иселеничките средби сите се дел од многубројните случувања кои остануваат за паметењје во родното печалбарско Љубојно.

1is1e212Спомен-плочата на куќата на Калајџиовци

Како и сите изминати годиниу и оваа година на денот Илинден во црквата „Свети Илија“ во Љубојно се одржа традиционална богослужба на која присуствуваа голем број верници од Љубојно и гости на средбите.

Потоа, пред спомен-плочата за паднатите илинденци пред куќата на Калајџиовци градоначалникот на општината Ресен, д-р Живко Гошаровски положи свежо цвеќе. Притоа, беше речено дека ако долнопреспанци со пушка во рака биле учесници во двата Илиндена за слобода на Македонија, денес тие со продолжувањето на македонските традиции и духовно-националниот живот, со обичаите и со културните настани, ги зацврстуваат корените на Македонија, на македонскиот народ во Преспа и насекаде во светот.  Сите тие порачаа – средбите и Македонија  да бидат вечни.

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top