На прво место

Од каде пари за луксуз? Фирмата на Шилегов на раб на опстанок?

1naum11

1naum11

Петре Шилегов не одговори на предизвикот да ги покаже приходите на неговото адвокатско друштво изминатите три години за време додека е градоначалник на Град Скопје.

Шилегов го сокрива тоа затоа што тоа би се одговорило прашања од каде е изворот за пари за луксузите со коишто се поднови Шилегов и со кои средства го зголемува неговиот имот во ове три години за време на градоначалнички мандат.

Почитувани, според наши информации, Адвокатското друштво Шилегов и партнери ДОО –Скопје во 2019 година, остварил финансиски резултат –добивка од 301.905 денари. Значи адвокатското друштво на Петре Шилегов во 2019 година има добивка од неполни 5.000 евра. Цело адвокатско друштво, цела компанија, на раб на опстојување, на раб на одржување. Адвокатско друштво каде што Шилегов не е сам, Шилегов има и патрнери така е и името на фирмата.

Градоначалничката плата  на Петре Шилегов не е доволна за ваков луксуз во три години. Фирмата на Шилегов со 300.000 денари годишно заработка, е на раб на постоење, и не може да е извор за луксузирање. 

Петре Шилегов градоначалник во заминување, во еден мандат несразмерно го зголемува својот имот и тоа со луксузна вила на Маврово од 300 метри квадратни со огромен луксузен екстериер, со возен парк од најмалку 130.000 евра, три луксузни автомобили, како и со нелегална луксузна надградба на семејна зграда со што ја наткачува вредноста на објектот за најмалку 100тина илјади евра.

Ниту платата, ниту фирмата не може да се извор за толкав луксуз !

Прашањата од кои што Петре Шилегов бега се следните:

-Дали зад луксузните градби и нелегални надградби стојат фирми коишто на некој начин може да се поврзани со тендери и исплатени пари од градската каса ?

-Дали Петре Шилегов се луксузира на сметка на противуслуги поврзани со работењето на Градот ? 

Ова се само дел од прашањата коишто ги отвора молкот на институциите за дивата надградба на Петре Шилегов, молкот за неговата документација, молкот за непријавен луксузен имот за којшто и самиот зборува !

Нема ништо полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Петре Шилегов !

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top