На прво место

Зоран Заев предавството го објаснува како храбар чин

Мицкоски до Заев: Не е храброст да го продадеш името, сети се зошто никој досега не го потпиша тоа што ти го направи.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот предизборен митинг во Кавадарци во однос на промената на името на Македонија истакна дека Зоран Заев предавството го објаснува како храбар чин и му порача на Заев дека не е храброст да направи глупост и да се сети зошто никој пред него не го направи тоа.

Мицкоски му порача на Заев дека храброст и патриотизам не е предавство туку заеднички патриотизам со кој граѓаните ќе бидат обединети, ќе имаат подобри можности и подобра иднина, и кога граѓаните и државата ќе нижат успеси и победи, а не како сега само понижувања кои ги приредува власта на СДСМ.

Победа е да направиме спротивно од овие 30 години.

Победа е заеднички да рушиме ѕидови.

Победа е кога ќе спасиме 14 човечки животи.

Победа е да се почитуваме дури и тогаш кога сме различни.

Победа е да создадеме вредности, да создадеме принципи.

Победа е да има одговорност кога треба, и кога можеме да кажеме да направивме сè што можевме.

Треба да градиме заеднички патриотизам, модерен, обединувачки. Заедничкиот патриотизам е да ја победиме заедничката мака, да создадеме заедничка иднина. Да се разбираме едни со други. Да покажеме дека политичарите од власта ги немаат гласовите во џеб, туку треба макотрпно да работат и поддршката да ја заслужат, рече Мицкоски.

Според него, заеднички патриотизам е народот да има повеќе пари во џебот, да има повеќе можности за развој. Да носиме добри вести низ регионот, да се радуваме на новите работни места, порача тој и истакна дека ВМРО-ДПМНЕ работи на таква иднина која ќе донесе подобро утре, повеќе можности, нова иднина, промени, проекти и победи.

Програмите на ВМРО-ДПМНЕ содржат вкупно 14 835 проекти од различни сфери и области и се решенија за реалните проблеми на народот. Реконструкција на 2000 улици низ цела држава. Градба или реконструкција на 100 градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови. Инвестиции во 60 објекти на културата, 90 спортски сали за младите. Гасификација за понапредни општини и многу други конкретни дела кои ги нудиме. Ова е тоа што ги плаши, рече Мицкоски.

Мицкоски ги повика граѓаните на 17 октомври да излезат и да дадат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, за иднина на промени, проекти и победи, иднина за која вреди да се бориме и со која ќе се гордееме.

makfax.com.mk

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top