На прво место

Стефан Влахов – Мицов : Промоција на книгата „Велес во Втората светска војна 1941-1944“

1Vele12 1

1Vele12 1

Големо задоволство ми е, денес, 08.11.2021 година, во предвечерието на денот на ослободувањето на Велес, 9 ноември 1944 година, да го промовирам капиталниот и сеопфатен труд на проф. д-р Ѓорги Малковски: „Велес во Втората светска војна „1941-1944“. Среќа е што градот Велес има таков научник и историчар, кој, со почит кон историското минато на својот роден град, во континуитет ја проучува  неговата историја од најстари времиња до денес.

1Vele12 6

Помеѓу 33-те книги на проф. Малковски,ќе ги издвојам само дел од книгите, и тоа монографиите „Бугарската организација „Браник„ во Македонија 1941-1944“, „Профашистичките и колаборационистичките организации и групи во Македонија 1941-1944“ и „Балисти“. Тие се доволен доказ дека независно од државната и политичката коњуктура во Македонија во последните три децении, проф. Малковски е научник и Македонец од висок ранг, достоен следбеник на револуционерните и антифашистички традиции на Велес.

А Велес е навистина град маченик. За една недела бил бомбардиран два пати: на 6 април 1941 г. од германски авиони и на 14 април од англиската воена авиација.

Само за време на германското бомбардирање загинале стотина жители а биле разрушени и околу 400 куки. Кога се знае дека тогаш во Велес живееле 14.500 жители, штетите, материјални и човечки, биле огромни. Но, тоа не ги спречило велешани во следните години да се борат жестоко со бугарскиот фашистички окупатор, а во последните месеци од 1944 г. и со германскиот окупатор, за конечно, на 9 ноември 1944 година, да го ослободат Велес.

Во својот обемен труд од 520 страници, проф. Малковски ја користел целата зачувана архивска литература во Македонија, Бугарија и Србија, како и микрофилмуваната документација од Вашингтонскиот архив во САД. Истовремено, целата објавена печатна литература и весници, како и 38 писмени и усмени сеќавања на учесници во овие настани, е драгоцен податок, бидејќи овие сведоштва ги спасили и ги оставил на идните генарации за да ги проучуваат и дополнуваат. Во овој труд, за прв пат, се објавени неколку стотини документи и слики од времето на Втората светска војна.

Трудот на проф. Малковски има седум дела и повеќе поглавија, но акцентот е во два правци: Воспоставувањето на германската и бугарската окупаторска власт во Велес и Велешко и, Националноослободителната борба на тој дел од Македонија во периодот 1941-1944 година, со посебен осврт врз борбените дејствија на велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“.

Авторот исцрпно пишува за дејствијата на едниот и на другиот окупатор, при што констатира дека, додека Германците го третираат регионот како завладејана територија која мора да продолжи да функционира без потреси, бугарската окупација е сложена, жестока и контроверзна. Бугарската фашизирана психа е свесна дека е окупатор на туѓа земја и народ, и затоа жестоко го пљачка населението. Само  во 1942 година, од Велешката околија биле реквирирани 1.200.000 килограми зрнеста храна, околу 60.000 килограми пченка и уште толку ориз, а дополнително, со примена на сила, се барале уште 100 тона зрнеста храна, 200 тона царевица и 150 тона оризова арпа, огромни количини за тоа време.

Друг белег на окупаторската бугарска психа е присуството на крупни воени и полициски сили во Велес за целото време на окупацијата. Независно дека во Скопје, на 50-ина километри од Велес, бил штабот на 5-та окупациона бугарска армија, стравот ги терал бугарските фашисти да го дислоцираат 56-ти пешадиски полк со 1800 војници и една Ловна воена дружина. Покрај ова, имало и еден противоклопен баталјон кој броел меѓу 800 и 1000 бугарски војници и уште 500 германски војници. Едноставно кажано,во град со 14.500 велешани, иамло 3.500 разноразни окупаторски единици.

Но,тоа не било се. Во Велешко дејствувала и една чета на контрачетници, составена од македонски бугараши, кои добивале месечна плата од 3.480 лева, речиси колку и началниците на бугарската полиција. Згора на тоа, во Македонија и, конкретно во Велес биле формирани уште неколку бугарски профашистички организации и друштва. Тоа биле: „Браник“, „Отец Паисиј“, „Ратници за напредокот на Бугарштината“, преку кои се спроведувала бугарската шовинистичка пропаганда. За таа цел биле фрлени многу пари, слично на парите кои бугарската пропаганда ги фрлала во Македонија 50 години порано, за време на македонското националноослободително движење. ЌЕ ПОТСЕТАМ ДЕКА ВО ПЕРИОДОТ ДО БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ, БУГАРСКАТА ДРЖАВА И ЕГЗАРХИЈАТА ЗА ШИРЕЊЕ НА ПРОПАГАНДА ВО МАКЕДОНИЈА ФРЛИЛЕ ПАРИ КОИ ВО ДЕНЕШЕН ИЗНОС ВРЕДЕЛЕ ОКОЛУ 24 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ.

Само што, ниту создадените фашистички организации, ниту довлечканите од Бугарија учители, ниту главоломните плати на бугарашките одродници и озаконетото пљачкосување на велешани преку реквизициите и изедначувањето на југословенскиот динар со бугарскиот лев, кој бил три пати поефтин, со што и населението било трикратно грабено, не направиле Македонците да станат „Бугари„. Во својот труд проф. Малковски дава како панорамска, така и детална слика на сите случувања во Велес, со имиња и презимиња, кој бил кој вотоа време, за да се знае и памти и денес и утре. Занаетчии, стопанственици, службеници, патриоти и предавници, сите се на тапет и тоа создава целосната атмосфера на животот во градот на сите нивоа.

Но, и покрај сите овие силни воени структури на двата окупатоара, националноослободителното партизанско движење во Велес и Велешко изгледа импозантно, нешто слично како онаа познатата на Давид против Голијат. За време на антифашистичката борба биле опожарени 27 села и околу 700 стопански згради, а биле убиени преку 500 мажи, жени, деца, младинци и старци. Во суштина, „убиени“ не е точен збор. Затоа што,нивната смрт претставува енциклопедија на садизмот, една потресна сага на злосторствата на бугарскиот окупатор. Во прилог, проф. Малковски дава кратки биографии на тие антифашисти и документирани податоци за нивните зверски убиства. На пример, заробениот народен херој Благој Страчков, бил грозоморно убиен и закопан додека се уште бил жив. Партизаните Киро Ќучук, Нонча Камишова, Стојан Бурчевски, Јордан Јорданов и Киро Неделковски, иако извршиле самоубиство за да не паднат живи во рацете на бугарските фашисти, дополнително биле решетени со куршуми како на учебни стрелби. Главата на партизанката Невена Георгиева – Дуња била отсечена со секира, набиена на кол и носена од село до село. Масовни стрелања имало во Пуста Кула, во Сеченица и во Долно Јаболчиште во есента на 1942 година. Независно од тоа, трите чети на партизанскиот одред „Димитар Влахов“, со вкупно 90 борци, од втората половина на 1942 до почетокот на 1943 година, создале слободна територија на просторот на Азот. Тоа нивно искуство било користено подоцна, во есента на 1944 година кога на слободната територија во Велешко се дислоцирало државното, политичкото и военото раководство на Македонија, односно претставниците на ЦК на КПМ, Генералниот штаб на Македонската војска, Президиумот на АСНОМ и раководствата на масовно-политичките организации. Оттука, од Горно Врановци, се координирала борбата против германскиот окупатор во Македонија. Велес бил ослободен од Осмата македонска (велешка) бригада, која влегувала во составот на 42-та дивизија.

Трудот на проф. Ѓорги Малковски „Велес во Втората светска војна1941-1944“ заради неговата научна документираност, авторски потфат и структура, претставува не само регионална, туку и национална македонска вредност. Тој дозволува да се прават заклучоци за времето, атмосферата и карактерот на македонската антифашистичка борба, за условите во кои се одвивала таа борба на 4 фронта: против германскиот, бугарскиот и италианскиот окупатор и против балистите, кои дејствувале за создавање на Голема Албанија. Успешната македонска националноослободителна борба покажува дека големата кауза за слобода на македонскиот национален дух, може да победи неколку непријатели истовремено. Само што е потребна самодоверба, храброст и спремност за саможртва. Иако биле сосема млади, без воено искуство и слабо вооружени, велешките антифашисти го одржувале притисокот и доминирале над бугарските и германските редовни војски, како и над бугарската пропаганда и над македонските петоколонаши и предавници.

Друг заклучок е дека реален двигател на таа борба бил ОБИЧНИОТ МАКЕДОНЕЦ, кој ги компензирал слабостите на партиското раководство и недореченостите и контроверзните ставови на тогашнотомладо и неискусно раководство. Имено, по вина на велешките раководители, партизански одред не бил изфрлен во есента на 1941 година, но, кога тоа станало во пролетта на 1942 година, велешките антифашисти на терен покажале кој е кој.

Накрај, кога зборуваме за окупатори и за фашисти, мора да сме свесни дека тие термини се поклопуваат. Доволно е да ги погледнеме фашистичките сили во Втората светска војна за да се убедиме дека тие и претходно биле окупатори на туѓи земи, биле колонизатори. т.е. фашизмот, нацизмот, франкизмот е идеологија, која е смислена и прифатена од окупаторите за да служи на нивните цели. Окупаторството пак е резултат и дејствие на општествената психа. БЕЗ ОКУПАТОРСКА ПСИХА НЕМА ОКУПАТОРСКИ ДЕЈСТВИЈА. Затоа Македонецот никогаш не бил и не може да биде окупатор, а заради својот хуманизам и синтезен космополитизам многу пати бил окупиран.

 Му честитам од срце на проф.д-р Ѓорги Малковски за прекрасниот труд и во потврда на кажаното погоре, со жалост ќе констатирам дека наместо да биде поздравен и поткрепен од локалната власт во Велес, тој мораше сам да плати за објавувањето на неговата книга. А пак довчерашниот градоначалник на Велес, Аце Коцевски, не сакаше да се одржи промоцијата во овој прекрасен објект на Ликониот Салон на ова волуминозно дело, од причини штосамо тој ги знае.

Благодарам.

1Vele12 7

1Vele12 4

1Vele12 3

Најново од: На прво место

Вечерва во Охрид: „Патување кон корените“ – манифестација посветена на децата прогонети од Егејска Македонија

Вечерва, 24 септември, со почеток во 19:00 часот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи манифестацијата „Патување кон корените“. Ќе бидат прикажани документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“ на Петро Алексовски. На настанот ќе присуствуваат амбасадорот на Република Полска во Македонија, Мане Јаковлески и други членови на Управниот одбор […]

„Македонецот“ и „Мајко мила“ пред прогонетите деца од Егејска Македонија

На 23 септември, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се одржа второто претставување на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски. На настанот присуствуваа многубројни посетители, меѓу кои најголемиот дел беа луѓе прогонети како деца од своите домови во Егејска Македонија. За многумина во салата, прикажаното […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

To top