На прво место

Богдановски бил предмет на обработка, а не „соработка“ на СДБ

1Dragan
Dragan_Zadgranicen_Komitet_na_vmro-dpmne_1991g_2.jpg
Тврдењето на писателот Божин Павловски дека Драган Богдановски бил „соработник со тајната полиција” е неосновано од повеќе причини.

Како прво Драган Богдановски е заведен во Службата за државна безбедност (СДБ) како ОО (Оперативна обработка), што значи е лице кое е предмет на „обработка” од СДБ, а не „соработка” со СДБ. Во досието на Драган Богдановски, кое изнесува повеќе од 10.000 страници нема ниту еден документ дека тој потпишал соработка со СДБ, ниту за време на неговиот престој во КПД „Идризово”, ниту пак по пуштањето на слобода. Точно е тоа дека Богдановски, по излегувањето од затворот и неговиот краток престој во Скопје, бил повикуван од страна на агентите на СДБ на разговори, да дава еден вид отчет за тоа каде бил и со кого остварувал средби, затоа што по излегувањето од затворот секое негово движење било „под лупа” на службата. Впрочем на такви разговори биле повикувани и лицата кои остварувале средби со Богдановски, а денес се познати јавни личности, политичари и новинари. Но, никој не си зема за право да ги нарече „соработници на тајната полиција”, затоа што таквото тврдење е неосновано. Замислете во тоа време лицето кое било повикано од СДБ да одбие да прифати разговор на каков ризик се става себеси и своето семејство.

Во прилог на фактот дека Драган Богдановски не бил „соработник со тајната полиција” оди и фактот што тој како во емиграција, но и во затворот и по излегувањето од затворот е постојано следен од страна на СДБ. Особено тоа се случува по неговото излегување од затворот, кога неговиот пријател и сомисленик Гојко Јаковлески донира средства за купување на стан во Скопје, а СДБ користејќи ја таа ситуација, на Драган Богдановски му доделува полициски стан, а тие средства ги пренасочува за „опремување на станот”. Тој стан бил комплетно озвучен, вклучително и телефонската линија, а за целосно негово следење бил ангажиран и поштарот за проверка на пратките кои му пристигнувале во домот. Секојдневните извештаи за следења и испрашувања на лицата кои се среќавале со Богдановски ни кажува колку службата се интересирала за него и сеуште го сметала за опасен. Веднаш се поставува прашањето како е можно ако Богдановски бил соработник со СДБ, такви мерки да бидат преземени за него. Воедно, соработниците за својата активност добивале или одредена финансиска надомест, или напредок во кариерата, вработување, што не било случај со Богдановски, кој токму поради таквите притисоци по 16 месечен престој во Скопје решава повторно да се врати во емиграција.

Лесно е да се гледа од денешна дистанца и да се суди за минатото време, но вистинскиот историчар кога сака да даде суд за едно време потребно е да биде и добар психолог за да ги разбере постапките на историските личности увидувајќи ги условите и времето во кое дејстувале.

Ваквите изјави, како оваа на почитуваниот писател Павловски, можеме да ги категоризираме како испади кои влеваат сомнеж и смут меѓу обичните граѓани. Не велам дека обичниот граѓанин може лесно да се заведе, туку ваквите изјави не одат во прилог на расветлување на историјата и создаваат еден вид конфузија, што најмалку ни е потребно во денешно време.

Д-р Марјан Иваноски, Институт за национална историја – Скопје

https://www.mkd.mk/makedonija/politika/bogdanovski-bil-predmet-na-obrabotka-a-ne-sorabotka-na-sdb?fbclid=IwAR17jrPymh42tYA28Ml6JDmlPAsPhQaukwCF2ceRurpjctrGBNMY05VIilk

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

To top