На прво место

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОГРАФИЈАТА „ВОЗОБНОВИТЕЛОТ“ ВО ЧЕСТ НА АРХИЕПИСКОПОТ ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ Г.Г. ДОСИТЕЈ

1dos1

1dos1

Во чест на Архиепископот охридски и македонски г.г. Доситеј II излезе од печат монографијата „Возобновителот“. Таа е издание на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ),  а во соработка со Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“.  Ова луксузно издание  е отпечатено по повод големите  јубилеи посветени на животот и делото на архиепископот г.г. Доситеј – 115 години од неговото раѓање (1906-2021) и 40 години од неговото упокојување (1981-2021).

 Во знак на благодарност и сеќањање на  ликот и делото на првиот Архиепископ охридски и македонски г.г. Доситеј (1906-1981) на возобновената Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква, а по повод големите јубилеи поврзани со блаженоупокоениот Архиепископ, кои ги одбележуваме оваа година и тоа: 115 години од неговото раѓање (07 декември 1906) и 40 години од неговото упокојување (20 мај 1981 година), како и значајниот државен јубилеј 30 години современа македонска државна сувереност – во издание на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) излезе од печат монографијата „Возобновителот“.

Ова капитално дело е посветено на ликот и делото на блаженоупокоениот македонски духовен великан Доситеј, кој успеа да ги оствари вековните копнежи на македонскиот народ за обнова на Охридската архиепископија и за конечно добивање на своја независна автокефална црква. Тоа големо дело го направи Архиепископот г.г. Доситеј исклучителна историска личност значајна за МПЦ-ОА и за државата, и неоткинлива од македонската историографија. Монографијата е плод на соработката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ),со Македонската православна црква – Охридската архиепископија и Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“.

Инаку, според биографските податоци, Архиепископ охридски и македонски г.г. Доситеј II е роден во Маврово, на 7 декември 1906  година. Тој е возобновител и прв Архиепископ охридски и македонски на Македонска православна црква – Охридска aрхиепископија, а се смета и како наследник на Арсениј II, кој бил последен Архиепископ на укинатата Охридска aрхиепископија во 1767 година.На вториот црковно-народен собир, одржан од 4 до 6 октомври 1958 година, бил избран за поглавар на МПЦ. Под негово раководство бил свикан Третиот црковно – народен собир, одржан на 18 јули 1967 година, на кој МПЦ е прогласена за афтокефална.

Архиепископот Доситеј е роден  со крстеното име Димитар Стојковски, како четврто дете од осумте деца на Лазар и Софија. Израснал под планината на Бистра. Целиот свој живот го посветил на службата на црквата. Богословија започнал да учи во Сремски Карловци во 1922 година, а се замонашил во 1924 година, на 17 години, во „Св Богородица Пречиста“, Кичевско.

Негов духовен татко бил игуменот Григориј. По одредените подготовки, Доситеј заминал за Света Гора, каде улогата на духовен татко, ја презел игуменот Митрофан од манасторот „Хилендер“. На Света Гора останал се до 1932 година, кога заради потребата од дошколување заминал во Битолската богословија. Богословијата во Битола ја завршил во 1937 година, а на Теолошкиот факултет во Белград дипломира во 1942 година. Хиротонијата за викарен епископ се одржала на 22 јули 1951 година.

Доситеј будно го следел решението на македонското црковно прашање и вложувал максимални усилби за негово разрешување преку обновата на Охридската архиепископија и создавањето на Македонската православна црква. Длабоко во себе бил свесен за своето потекло. Така, во 1957 година во кординација со Доситеј, Иницијативниот одбор за организирање на МПЦ се согласил со СПЦ да ја усогласи организацијата во македонските епархии, во согласност со Уставот на СПЦ, а на патријархот српски Викентиј да му се признае статус администратор на трите епархии.

Истовремено Синодот на СПЦ се обврзал на наредното Собрание на Светиот архијерејски собир, во мај 1958 година да се изврши избор на Македонци архијереји за сите три епархии.

Вториот црковно-народен собор се одржал во Охрид на 4 октомври 1958 година. На собирот учествувале вкупно 219 делегати, свештеници и мирјани. На соборот во црквата „Св Софија“ била донесена Одлуката за возобновување на Охридската архиепископија.

Откако се донела Одлука за возобновување на Охридската архиепископија, а во согласност на одлуката изборот на митрополитот и епархиските архијереји да биде од Македонија, Доситеј бил предложен за прв поглавар на Македонската православна црква и едногласно бил избран со титула Архиепископ охридски и скопски и прв Митрополит македонски.

За време на изборот биеле сите канбани во Охрид. По појавувањето на Доситеј во Света Софија, прота Нестор Поповски официјално му ја соопштил Одлуката за возобновување на Охридската архиепископија и Одлуката за избор на прв поглавар на Македонската православна црква.

Значајно е да се одбележи дека  во  мај 1962 година во придружба  на патријархот Герман, со неколку епископи на СПЦ во посета на МПЦ пристигнал  московскиот патријарх Алексиј, придружуван од митрополитот Никодим, епископот Пимен и повеќе великодостоинственици на Руската православна црква. На празникот на свети Кирил и свети Методиј во црквата „Пресвета Богородица–Каменско“ во Охрид била одржана и архијерејска литургија на којашто служел московскиот патријарх Алексиј во сослужение на српскиот патријарх Герман и архиепископот охридски и митрополит македонски Доситеј. Тоа било прво сослужување на поглаварот на МПЦ со поглавари на други автокефални цркви. 

Исто така, треба да се одбележи дека во времето на Архиепископот г.г. Доситеј од темел беше возобновена Црквата, со сите нејзини витални органи: епархиите, епископатот, свештенството, црковните општини во татковината и во дијаспората, црквите и манастирите, образованието и просветата. Во 1967 беше отворена Богословијата, а во 1977 година Богословскиот факултет во Скопје.

1dos12

Споменикот на Архиепископот г.г. Додитеј во дворот на „Свети Климент Охридски, Скопје

На 20 мај 1981 година во Скопје се упокои  Архиепископот г.г Доситеј, по чија засулга денеска МПЦ функционира како автокефална црква на македонскиот народ. Неговиот вечен дом е во црквата „Св. Димитрија“ во Скопје. Меѓутоа, пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје е поставен и осветен споменик на архиепископот г.г. Доситеј, првиот поглавар на МПЦ. Споменикот на архиепископот Доситеј го изработи скулпторот академик Томе Серафимовски.

Монографското дело „Возобновителот“. е обемна публикација со околу 420 страници, во тврд повез, во која е вграден трудот на вработените во КОВЗРГ, особено на дипломираниот теолог Петар Петковски, потоа на професорите од ПБФ „Свети Климент Охридски“, како и на други просветни работници, кои дадоа значаен придонес за реализација на монографијата, која во својата содржина опфаќа: библиографски податоци, избор на дел од позначајните слова на архиепископот Доситеј (беседи, говори и интервјуа), репортажи за позначајните цркви и манастири во кои живеел и работел архиепископот Доситеј, потоа зборник на трудови за неговата улогата и важност, спомени и сеќавања од неговите соработници и познаници, значаен фотоматеријал (фото албуми со слики од неговиот живот и од позначајните настани), позначајни архивски документи, слики од оставштината на архиепископот, како и поезија посветена во негова чест. Целокупната содржина во делото, која е прикажана на модерен начин, преку современ дизајн со мноштво на фотографии – исклучително ја истакнува големината на дедо Доситеј.

Така, во воведот на монографијата, директор на КОВЗРГ м-р Даријан Сотировски, меѓу другото, пишува: „Обновата на тронот на Св. Климент по години туѓи црковни јурисдикции, како и враќањето на македонската црковна самостојност, доаѓа во налетот на македонската национална ослободителна борба за државност и самостојност, која по Втората светска војна ја доживува својата кулминација. Појавата на архиепископот Доситеј и неговото визионерско дело ја даваат значајната духовна димензија, без која секоја борба би била времена и површна, а преку црковните ѕвона – таа денес одекнува во вечноста. 

Македонскиот поглавар возобновител Доситеј зазема посебно, светло место во македонскиот национален пантеон, тој ја заслужува сета почит од нашиот народ, неговата личност треба да ја слават сите генерации денес и во иднина“.

М-р Даријан Сотировски, исто така, заклучува дека  монографијата „Возобновителот“ преставува трајна споменица, литературен споменик на благодарност кон Архиепископот Доситеј за неговиот немерлив допринос кон обновата и развојот на Македонската православна црква. Во тој поглед, монографијата „Возобновителот“ не претставува само основ за понатамошно прославување и очувување на споменот на архиепископот Доситеј, туку и за понатамошно студиозно изучување на неговиот живот, дело, мисли и учинок на полето на духовноста и македонското црковно воскресение во целина.

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: На прво место

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени работата на Владата како инспиративна, продолжуваме со реформите

Премиерот очекува интензивирање на евроинтегративниот процес и изнаоѓање решение за ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на нова, енергетски ефикасна детска градинка во Општина Теарце, со капацитет за 147 деца. Според него, со отворањето на објектот е надмината листата на чекање за згрижување деца во општината. […]

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство

Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции СДС повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДС се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата. Во СДС се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да […]

Филипче прозборе за сомнежи за злоупотреби во СДС — нека каже сè што знае

Дали темата за наводно 37 милиони евра поскапиот договор за хеликоптери ја отвора поради јавниот интерес или поради внатрепартиската пресметка? Филипче треба јасно да одговори дали располага со документи и непосредни сознанија или го користи веќе изнесениот навод како оружје против внатрепартиските критичари. Од кога ги знае информациите? Дали претходно побарал проверка? Кои документи ја […]

To top