На прво место

СРЕЌНА НОВА 2024 г. ВЕСЕЛИ БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ !

1UV1

1vmro1

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ

Браќа и сестри,

Нека Новата 2024- биде година на национално сплотување и успеси на македонскиот народ и држава.

Македонците кои се надвор од границите на Македонија, да си дојдат дома и да најдат можност да останат во својата земја, татковина на сите нас, во библиска Македонија.

Во новата 2024 година да посакаме Слобода за нашите Уставобранители.

За Македонија сме задолжени и не смееме да заборавиме како сме стигнале до овој историски момент.   

Да ги отвориме срцата и да посакаме подобрувањето на економската слика, да видиме задоволство на сечие лице и среќа во сечие срце.

Македонците се дадени од Бога за да сакаат и да даваат, ние сме доброчуден народ и гостопримлив, да го сочуваме достоинството создавано низ историјата, и да го исполниме долгот на Македонскиот дух и код, за кој сме дадени.

Европа нема да биде обединета ако земјата на Филип таткото на Александар Македонски, кои пред неколку илјади години го започнале обединувањето на народите, не биде рамноправен партнер со останатите држави во Европа и во светот. Европа нема да биде обединета ако на нејзиното  знаме не блесне и Македонското сонце.

Во 2024 година не очекуваат Претседателски и Парламентарни избори, да избереме влада која ќе се грижи за Македонија и Македонците во Македонија, во соседните држави и за Македонците во целиот свет.

Во Новата 2024 година оваа неспособна власт предводена од СДС и ДУИ да ги напушти фотељите, а на нејзино место да дојде влада која ќе ја извлече земјата од оваа катастрофална економска и политичка состојба и ќе ги поправи штетите направени под раководство на СДС и ДУИ, кои се однесуваат како Македонија да е нивна приватна своина.

Среќна Нова 2024 година, и нека се весели БОЖИЌНИТЕ  ПРАЗНИЦИ КОИ НИ ПРЕТСТОЈАТ.

АМИН!

Најново од: На прво место

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

To top