
ХРИСТОС СЕ РОДИ
Еј внучиња мои зберете се, како цвеќиња во градина
Сите наредете се, околу дедо седнете,
Да слушнете дедов глас, може да е за последен пат?
Историја да ви пренесам за стари времиња и настани да ви раскажам,
За наши Македонски празници од душмани сочувани, за вас патоказ.
Слушнете како бијат стари камбани, ечат во еден глас,
Ода на радоста шират и порака јасна, слога да има меѓу сите нас,
Христос се роди, Христос се роди, Христос се роди
Навистина се роди, во вечен живот нас не води.
Внучиња мили Божик е денес,
Голем Христијански празник за Македонскиот род
Се радуваме сите на земјава и сиот небесен свод,
Внучиња драги, денес свечено ќе се облечете
Најблиски за рака ќе фатите, и кон црквен праг ќе се упатите,
Со насмев на лице, цвеќе и свеќа во дланка
Пред икони ќе се поклоните и од се срце изговорите,
Христос се роди, Христос се роди, Христос се роди,
Навистина се роди, во вечен живот нас не води.
Оливера Јовановска-Мелбурне