На прво место

ОЛИМПИСКИ ИГРИ – ЗА ДУХОВНОТО МАКЕДОНСКО ЗЛАТО

1fi1e

1fi1e

Синот на македонскиот крал Аминта, Кралот Александар I (498-452 пред н.е.), ги вовел Олимписките игри во Македонија, северно од планината Олимп. Ги нарекол „Олимпија“, верски празник со атлетски и уметнички натпревари во чест на победата врз Персиската окупација, и во чест на Богот на Сонцето. Херодот го нарекува „слаткоречив варварин” (не-Грк), во кого Хелените немале доверба бидејќи бил македонец.

Неточна и измислена е теоријата за Олимписките игри како производ на Јонски, Атински, Данајски градови држави. После пропагањето на Македонската Монархија, Олимписките игри биле забранети од Римјаните „заради заштита на редот и мирот“ загрозен од учесниците од разни народи.

УМЕТНИЧКО КАЖУВАЊЕ ОД МАКЕДОНСКИ НАТПРЕВАРУВАЧ

Ме гори, во најшироки и во најтесни кругови во дрвото на животот, во сржта моја Македонска.

Ниеден светски или домашен актер, тренер, бренер, ниеден странски цар – не го има запалено тој оган за моја победа, или за мој успех  во граници на издржливоста – до победа. Сама, во себе го носам огнот на моето духовно злато. Во срце, во ум на моето здраво средиште, рудник лорандит, во мојот идентитет, во клетките мои, извори духовно-телесни. Продолжувам, го чувам огнот од кога ме запали Божјата грмушка – иницијација за усовршување на мојата нација. Трка за “злато во усовршување“, за освојување на Бесконечноста. Растејки стари, неистрошени кодови, борејки се со соседи и далечни господари на туѓи поседи – се обновувам, закрепнувам, и сеуште верувам, во сојуз со добрите, иако постојано ми крадеа медаљи. Во име на Создавачот на мојот мал космос, со нови рекорди во мојата голема човечност, им простувам за наместените падови во моите трки низ времето на овој свет на сеуште некултивирани култури. Нема никогаш да престанам да давам се’ најдобро од себе за најдоброто на светот – победа против туѓа беда корумпирана. Откажување никогаш нема да имам од целта да палам секојдневно нови факели од Љубов за висТините. Свет оган да палам, и понизно да милувам успех на мојата верба во берба на успеси против неминовни непријатели, против загуби на мојот здрав народ, против недемократски, неетички, непријателски воспалувања за неприроден пад, против подли сопки кон рекорди на издржливоста наша, македонска. Не подлегнувај на подлоста на актерите, Хероино наша, Бистрино загрозувана, Македонијо, Ѕвездо сочувана! Верувај во твојот победоносен ден. Вербата да зачнеш нови височини, вчитува трајно величествено сонце во твојот древен ген. И одново запишува победоносни олуи низ огнено прочистување, низ твоја само-одбрана, Принцезо на Срцевиот Сјај. Трчај, постигни ја наградата Господ од земно небесен Рај што ја ветил на оние што паѓале – со  љубов те бранеле, и неуморно се раѓале. Хероино светска, благословена си, за смелоста во оган да се фрлаш, Оган на Победата, за народна правда, за мир во земјата, за љубов за живот, за висините на вистините. Непрекинато вежбање за вечноста, за историја која отфрла корумпирани резултати, за постоење кое не признава угинувачко кроење на нашите гранки, копање на корените ни’ – додека по патеки одново ќе се надминуваме себе си’, ние Македонците. Нема препород ако не се носиме со снагата да љубиме, генерации да гаиме со чудесни инспирации… За Надеж дека јажето на Времето нема да ни’ се скине пред да обезбедиме граници кон новите победи. После легендарно стварни поплави од домашна снага и светска тага, после пот и крв, после неприродна стрв на борачите непријатели – солзи на нашата радоста да надојдат, пред да ја завршиме на овој свет трката за лек против корозија на нашиот идентитет, против ерозија на нашата земја; лек разграбуван од сечија игра со нашето постоење, лек формулиран од Царот на Славата, Основач на патеки и препони на земјата, за Вселенски пространства заслужни да се натпреваруваме. 

1Marija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска                                              

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top