На прво место

МАКЕДОНЦИТЕ ОТФРЛААТ ЗАЕДНИЧКО ЧЕСТВУВАЊЕ НА ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

51732477 303

51732477 303

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

1ви февруари ,2022 година, Скопје, Македонија – Торонто, Канада -Сиднеј, Австралија -Лондон, Голема Британија – Њујорк, УСА  Светскиот Македонски Конгрес (СМК) отфрла заедничко македонско-бугарско чествување на 150 годишнината од раѓањето на великанот на македонското  ревоуционерно движење Гоце Делчев на неговиот  гроб во црквата “Свети Спас“ до Калето во Скопје на 4 февруари!

За Македонците по род и   државјанство, од сите делови на   Македонија, во светот и татковината, Гоце Делчев е Македонец, Илинденското востание е македонско востание, овие прашања не заслужуваат разговори!Македонците по род и   државјанство, од сите делови на   Македонија,во светот и татковината, отфрлаат заедничко македонско-бугарско чествување на датуми, настани и личности од историјата на Македонија и Македонскиот народ:

(1) Се’ додека за Софија Македонците се Бугари, Македонскиот јазик е дијалект на Бугарскиот јазик, а Македонија е дел од Голема Бугарија;

(2) Се’ додека за Софија не постојат Македонците во Бугарија;

(3) Се’ додека Софија не им признава на Македонците во Бугарија право на образование, информирање и вероисповед на мајчин Македонски јазик, право собир и здружување,регистрација на   здруженија и партии, како и   попишување во посебна графа во   цела Бугарија;

(4) Се’ додека Софија не се извини за сите општествени неправди и злосторства против Македонскиот  народ во двете балкански и двете  светски војни; 

(5)  Се’ додека Софија не се извини за депортацијата на 7.144 Евреи од Македонија во логорот на смртта Треблинка во окупирана Полска за време на Втората светска војна!

Македонија и Бугарија имале заедничка историја само за време на бугарска окупација врз Македонскиот народ и врз Македонија! И покрај се’ и после се’, СМК и натаму смета дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од  културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како   современи политички нации во   чија што основа е македонскиот   етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации.

СМК бара инто и безусловно еднострано раскинување на Договорот Заев-Борисов од 1август 2017 година и   распуштање на меѓувладината   македонско-бугарска комисија заевизија на историјата на Македонскиот народ и на Македонија! Македонците по род и  државјанство, од сите делови на  Македонија, во светот и татковината, отфрлаат нова октроирана политичка историја на Македонскиот народ и на Македонија, отфрлаат ревизија на учебниците по историја во Македонија! СМК ги поттикнува  владите во Скопје и Софија на  историско  македонско-бугарско помирување и Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, но врз основа на основниот принцип на меѓународното право на суверена еднаквост, што значи: взаемно   разбирање и почитување,  соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и   реципроцитет во меѓусебните односи! Прашањата за кои има   разлика не мора да бидат предмет на договор и тоа не смее да биде пречка за уредување и  унапредување на меѓусебните билатерални односи.

СМК предлага Македонија и Бугарија заеднички да го чествуваат 9ти Мај – Денот на победата над фашизмот, на тој ден заеднички меѓудржавни делегации да се поклонат пред жртвите на фашизмот и во Македонија и во Бугарија и на Еврејските гробишта во Скопје и Треблинка! СМК ја поздравува соработката и  проектите од заеднички интерес на  сите нивоа меѓу Македонија и Бугарија во овој дел од Европа! СМК ги повикува сите учесници на традиционалната манифестација “Гоцеви денови“ на гробот на Гоце  Делчев  на  4ти  февруари, на  достоинствено  одбележување  на  150годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно движење!

Гоцевата мисла “Светот како поле за културен натпревар меѓу народите“, не претставува само негова лична импресија, туку   експресија на генетскиот код на   една целацивилизација – Македонската, како цивилизација на мирот и љубовта наспроти војната и омразата, на толеранцијата и коегзистенцијата наместо сегрегацијата и дискриминацијата, и на културниот глобализам како интеграција со афирмација на помесните етноси, јазици, релгии и култури, наспроти  корпоративниот  глобализам  кој врз основа на профитните интереси на мултинационалните корпорации врши интеграција со асимилација на помесните етноси, јазици, религии и култури се’ до нивна физичка ликвидација од планетата Земја!

Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот! Амин

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top